Лета WizzAir за Париз, нели?

Пред некој ден, продавница на Nike во Париз на Champs-Élysées изложи уред што ќе ја „подбутне“ имагинацијата на клиентите. Уредот на посетителите им овозможува сами да изберат бои за патиките кои им се допаѓаат, кои веднаш ќе можат да видат како би изгледале на патиката преку употреба на augmented reality (што наводно на македонски се вика „проширена реалност“), без потреба од активирање на бујни имагинации.

Уредот направен од технолошката компанија SmartPixels фунцкионира така што корисникот во уредот става целосно бела патика и ги избира посакуваните бои преку таблетот прикачен на уредот, користејќи го NikeID оналајн сервисот. Селектираните бои се проектираат на белата патика истиот момент кога корисникот ќе ја промени бојата на таблетот.

За разлика од стандардната онлајн алатката што Nike ја користи на својот вебсајт за селекција на кастомизирани патики која нуди избор на стотици различни модели, оваа во Париз функционира само со лимитиран број на модели. Односно, посетителите може да се одлучат за LunarEpic Low, AirMax или Cortez моделите.

 

Comments

comments