Под наивна претпоставка дека кога целиот свет слушна за Нина, слушна и ти, се фокусирам на мојата омилена страна – нејзината неверојатна досетливост и фантазија, за кои засекогаш ќе и љубоморам. Тоа, и некој ситен #трач.

Мора да разбереш, со Нина заедно одевме на часови по пантомима и ја фотографирав со мојот аналоген Nikon N6006 кога беше бубњарка во Etaoin Shrdlu. Денес, според секоја дефиниција имам право да ја наречам моја можеби-постара-сестра-во-друга-држава.

После тие неверојатно забавни гимназиски денови кои ги делеше со мене, Нина се запиша на Електро да студира Информатика, која никогаш не ја заврши. Во втора година дозна за дизајн и престана да оди на часови, да излегува од дома, да јаде… После 6 месеци деноноќно цртање постери – ја доби првата понуда за работа.

 

 

Откако постерите повеќе не беа доволно голем предизвик за неа, Нина се префрли на логоа. Неколку брендинг проекти подоцна, таа почна да се разгранува накај илустрација и фотографија, а последнава година ипол и на дизајн на корисничко искуство (UX). Нина отсекогаш имала интерес во когнитивна психологија, а UX има многу од тоа.

Моментално работи во најголемата компанија за dating во Југоисточна Азија, што има своја апликација и офлајн сервис за романтични состаноци. Таму го води дизајн тимот и активно работи на продуктот.

Ако досега сè уште не си сигурен дали треба да те инспирира или да бидеш љубоморен, продолжи да читаш.

Пред 2 години со Дамјан се преселија од Берлин во Сингапур. Според зборовите на Нина, Сингапур е ненормално high tech. Сè се случува онлајн. Како бонус, цела година е лето и има супер плажи и прекрасна џунгла.

 

Продолжи да скролаш за лесен пристап до сите работи кои некогаш некој сакал да ги знае за Нина.

 

Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш? Дали сега порасна? Што си сега?

Кога бев мала сакав да бидам астронаут. Не знам дали сега сум порасната, али според тоа дека сè уште сум метро и шеесет, веројатно не. Уште чекам, би требало да пораснам кај и да е…. така?

Денес сум дизајнер, и во ретроспектива има смисла, пошто отсекогаш сакав компјутери и цртање. Ми беше жал дека еден ден ќе мора да одберам едно од двете. Ама еве, неморало! А инаку сè уште планирам да одам во вселената, и покрај тоа што ич не испадна тоа со бидењето астронаут.

 

Copyright @ 2013 Nina Geometrieva

 

Да можеш да бидеш Бетмен или Робин, кој би била? Зошто?

Би била двајцата во исто време, со двата костими еден врз друг. Две раце ми се повеќе од доволно, но екстра нозе може одлично да послужат.

 

Што имаш во фрижидер моментално? Што имаш во фрижидер во секој момент?

Моментално имам грозје од тип cotton candy, јапонско млеко, чедар кашкавал, најблиското нешто до кисело млеко што може да се најде во Сингапур, некоја чудна конзерва на Дамјан, што не сакам да знам што е, 2-3 маслинки и едно јајце. Сварено јајце. Од пред 2 недели. Најверојатно треба да го фрлам. Во секој момент во фрижидер имам некакво овошје, кисело млеко и млеко.

Обично фрижидерот ни е прилично празен, пошто купуваме ден за ден. Ова е една од ретките работи со која се гордеам дека размислувам краткорочно. И плус, обожавам да одам во супермаркет.

Уште кога бев мала шетав низ супермаркети со музика, без да купам ништо. Доаѓав таму да размислувам, и после си одев дома. Атмосферата отсекогаш ме потсеќалa на нешто модерно, opportunities, живеење во иднината. Денес преферирам да размислувам во веце пошто го немам луксузот да истрчам до супермаркет секој пат кога треба да решам нешто.

 

Ако некој ја напише твојата биографија, како мислиш дека ќе се вика?

Ако сè оди по план, тогаш насловот најверојатно ќе биде „Нина реши да не умре”. Супер би било да оди се по план бидејќи едвај чекам да живеам вечно. Сега за сега мојот труд да живеам вечно се содржи во тоа да пробам да не умрам, така што си чекам на зелено светло пред да поминам улица и не јадам шеќер. Се надевам ќе имам пософистицирани методи наскоро.

 

Copyright @ 2014 Nina Geometrieva

 

Како би му го објаснила универзумот на твојата 4 годишна внука?

За среќа имам 8 годишен брат, па не мора да замислувам внука. Ич нејќам да замислувам внуки, ме боли мозокот после.

Не сум му го објаснила универзумот на брат ми, али тоа би идело нешто овака:

„Замисли го најчудното нешто. Сега замисли го најголемото нешто. Сега замисли го најпразното нешто. Сега замисли го најинтересното нешто. Епа тоа е универзумот.”

Знаејќи го брат ми, ќе замисли багер на секоја реченица. Мислам, технички би бил во право бидејќи багерот е дел од универзумот, али за жал универзумот не е багер.

…Штотуку кажав „за жал универзумот не е багер”. Треба некој да ме цитира надвор од контекст.

 

Кога и каде би отишла кога би имала временска машина? Зошто? Дали би сменила нешто во минатото?

Би отишла во 2045 да видам дали навистина луѓето ќе немаат биолошки тела. Сакам да видам дали воопшто луѓето. Сакам да видам дали. Сакам да видам. Било што сакам да видам. 🙂

Ништо не би сменила во минатото бидејќи каква било промена тотално ќе го поремети целиот синџир на настани, и има големи шанси јас да не постојам; А како што реков прееска – планирам да постојам прилично долго време. Али ако можам да се вратам назад без да пореметам све, најверојатно би се вратила во втора година средно и би и кажала на македонски дека е искомплексиран вампир. Значи ќе имам една златна шанса да ја сменам историјата, која би можела да ја искористам за да го убијам Хитлер на пример, ама не. Јас ќе се вратам во средно и ќе ја опцујам македонски со не-толку-креативна навреда. Ете, така ќе ја искористам шансата. Можеби не треба мене да ми се даваат вакви шанси.

 

Кога би можела да избереш, кои 3 личности (живи или мртви) би ги поканила на вечера? За што ќе зборите?

Douglas Adams, Elon Musk и Eric André. Али дефинитивно не сите одеднаш. И најверојатно јас нема да зборувам нешто многу.

Douglas Adams сакам да ми раскажува работи. Каков му бил денот, што гледал на телевизија, колку дрва одминал кога одел до продавница… Каква и да е ситница, гарант ќе звучи интересно ако он ја каже.

Elon Musk сакам да ми зборува за тоа зошто го прави сè ова и како се справува пcихички, и што мисли за разни работи. Веројатно ќе почнам со поентата на животот, и ќе го прашувам секакви ствари се додека не стигнам до поентата на тенџерињата. До тогаш веројатно и он ќе се откаже од одговарање прашања.

Eric Andre… ќе го оставам да прави што сака. Freestyle. Понекогаш можеби ќе пробам да се убацам со нешто али ќе испадне безвезе и само ќе си продолжам да ќутам и да го набљудувам.

 

Copyright @ 2014 Nina Geometrieva

 

Која анегдота ќе ја раскажуваш на другарите следните недела дена?

Најпопуларната приказна во последно време ми е дека слушнав еден американец во автобус што збореше како од радио да му иде гласот. Типот немаше високи и ниски фрекфенции, само средни. Значи незнам како. Не дека имаше некаков проблем, гласот му беше природен, али успеваше да зафаќа само средни фрекфенции и ништо друго. Многу чудно. Сакав да го снимам али сфатив дека кога ќе го пуштам на некој ќе звучи како нормален глас од радио и никој нема да го сфати интересниот момент. Така да продолжив да се воздржувам да не се згазам од смеење, и да уживам во ретката ситуација.

 

Guilty pleasure?

Корејски трап и чоколадо. Али стварно, имање guilty pleasure е индикатор на поголем проблем што треба да си го разрешат луѓето во себеси, индикатор на внатрешни конфликти и неискрености.

Еве на пример, јас. Во случајот на корејски трап, едноставно треба да прифатам дека понекогаш сум кретен и сакам кретенска музика и тоа е океј, јебига. Во случајот на чоколадо, треба да сфатам дека или ќе живеам долго, или ќе уживам во чоколадо, choose one, не може двете. Сè си е пресметка.

 

Најбитното за крај. Одговори внимателно. Што мислиш дека сонуваат мачките?

Мислам дека мачките се remote controlled апарати кои ги користат напредни вонземјани за да учат за нас. Веројатно вонземјаните се многу збунети откако им ги претворивме нивните апарати во мемиња. Како и да е, опциите се – или мачките не сонуваат, или сонуваат нешто во стилот на Google deep learning algorithms.

 

///

 

Знам дека не постои нешто како премногу #трач, ама најверојатно не ни стигна до тука со читање. Така да, последна и неверојатно сериозна ствар што имам да ја споделам за Нина е дека толку сме блиски што дури гордо чувам и една тајна – вистинското презиме не и е Геометриева.

 

Галерија

Нина е на Facebook, InstagramBehance и Dribble.

 

Comments

comments