„Во еден момент кога се чуствуваш празно и неисполнето, и почнуваш да ги повторуваш истите работи – тогаш е време за промени.” Со оваа изјава на Рене Реџепи беше најавена големата преселба на „НОМА“.

Светските „foodies“ (фанови на добрата храна) беа шокирани од веста дека данско-македонскиот шеф Рене Реџепи (татко му е Македонец) – планира да го послужи својот последен оброк наредната Нова година (преувеличуваме за да се добие на драма). Ова звучи малку шокантно, но сепак тука не завршува одисејата на „НОМА“.

noma1

Според магазинот „Restaurant“, „НОМА“ е „Најдобриот ресторан во светот”, и тоа за 2010, 2011, 2012 и 2014 година. „НОМА“ (патем, кованица од данските зборови “nordisk” и “mad” што во превод би било нордиска храна), ќе биде релоцирана и повторно отворена во 2017 година. Тотално нов концепт, ново мени, а сето тоа сместено во простор кој ќе претставува една голема, селска фарма.

noma3

Идејата е да има менија кои ќе бидат прилагодени на годишните времиња и што истите нудат (сезонска храна). Сепак, големата слика е да создадат ресторан (не сум сигурен дека е само ресторан, можеби е повеќе од тоа, со оглед на тоа дека поседуваат сопствена лабараторија каде вршат голем број на истражувања, сè со цел подобрување на својата храна), кој ќе се базира на искористувањето на локалната храна и продукти. Доста ризичен и смел потег кој наиде на големи негативни и контрaверзни реакции, но затоа правиме разлика помеѓу шефови и шефови.

noma2

Иако ниту јас, а ниту пак поголемиот дел од оние што ме читате, не можат да си приуштат да јадат во „НОМА“ (цената е $296 од лице, плус $185 за вино), сепак споделуваме едно парче инспирација и краток курс за тоа како да останеш инвентивен и свеж и да не се опуштиш во комфорот на моменталниот успех.

Интересен факт: Рене Реџепи е единствениот Македонец за кој Ентони Бордејн има направено „No Reservation“ епизода. Во емисијата Рене зборува со многу топлина за Македонија и за неговата баба од која наводно ги научил тајните на готвењето.

 

Comments

comments