Индустриски штрајкови, неосветлени квартови, насилство на спортски трибини, лоша мода и музика на телевизија… Добредојдовте во Северна Англија во доцните 60-ти. И дозволете да ви ја претставам Утопијата за револтираните тинејџери од ниската класа, клубовите кои биле простран подиум за новите борци на фронтот на добриот стар соул.

tumblr_o2p024c4bE1t4ckvko1_1280

Од каде името „Northern Soul“?

„Northern” – северно, бидејќи ги опфаќало северните делови на Англија, Велс и Шкотска. „Soul”, бидејќи е чист соул од југот на САД.

Замисли си слаби адолесцентски силуети на типични британци кои со часови дремат во музички продавници и пребаруваат ретки плочи од најнепознатите црнечки соул вокали.

Првобитни хипстери, нема што!

tumblr_o2p024c4bE1t4ckvko3_1280

Потекло на движењето

На телевизија и радио сѐ што можела оваа младина да чуе биле некои лимонадести шлагери, а таа, како што и доликува на една младина, била во потрага по некој посилен музички израз.

60ите воглавно биле резервирани за таканаречените Mods, софистицирана британска субкултура што пратела музичари во широк спектар, од џез виртуозите како Miles Davis и Dave Brubeck до рок групи како The Who, The Yardbirds и The Kinks. При крајот на 60ите, истите почнале да се претопуваат со новата главна струја на англиското подземје – Northern Soul.

 

tumblr_o2p024c4bE1t4ckvko4_1280

Мода

Од тесните панталони, сакоата со строг крој и „тенџере“ фризурите, преминале на огромни широки панталони и здолништа, „Tom Perry” поло маици, кожни торби, удобни рамни чевли за долги ноќи поминати на подиумот и палта со многу џебови и копчиња.

 

tumblr_o2p024c4bE1t4ckvko5_1280

„KEEP THE FAITH“

Мотото на целото движење е: „продолжи да веруваш, не губи надеж“. Некои од луѓето кои ја имале среќата да бидат на вистинското место во вистинското време, односно во тие underground англиски клубови во 70тите, велат дека музиката и енергијата на ова движење им давала дури некакво религиозно чувство – грубата реалност останувала пред вратата на клубовите.

Звукот на музиката и таа неизбрусена емоција која доаѓа со неконвенционалните движења на подиумот, ги поткревала над рутината, им давала простор за експресија што не можеле да го најдат на друго место. Интересно е што Брус Ли со неговите карате потези бил главната инспирација за скоковите и акробациите при танцувањето.

tumblr_o2p024c4bE1t4ckvko6_r1_1280

Крајот на една ера

По затворањето на највлијателните Northern Soul клубови, како Wigan Casino, The Golden Torch и Black Pool Mecca – згаснало целото движење. Од соул, музиката еволуирала во фанк, диско и хип хоп. Но никој не ги заборавил своите денови поминати на подиумот со луѓето кои биле толку блиски што меѓусебно се сметале за фамилија.

Едно старче изјавува, „Ако жена ми ми рече одбери; или јас, или Northern Soul, без размислување ќе ѝ кажам – Northern Soul. Секој пат.“

 

 

 

Comments

comments