На 28 октомври (недела), Дуке Бојаџиев ќе има промоција на својот најнов албум насловен „Синергија“ (Synergy). Настанот ќе се оддржи одржи во ноќниот клуб „Станица 26“ со почеток од 20 часот.

„Станува збор за модерна фузија на филмска и електронска музика, зачинета со елементи на фламенко, црковно пеење од 12 век во Германија и индиски изворни мотиви, кои создаваат терапевтска атмосфера. Сите 10 нумери се снимени, продуцирани и миксани во моето студио во Њујорк“, вели Бојаџиев. Влезот за промоцијата е слободен.

Албумот пред неколку денови официјално се појави на сите центри за дигитална дистрибуција како Spotify, Apple Music, а веќе може да се преслуша и на веб страницата на Дуке Бојаџиев.

 

Comments

comments