Што дознавме од видето?

Новиот албум ќе се вика Villains. Продуцент на албумот е Mark Ronson кој е најпознат по неговите соработки со поп ѕвезди како Bruno Mars (али јас би ви препорачал да го разгледате неговото пошироко портфолио, еве може да почнете со оваа соработка со Kevin Parker од Tame Impala). Една од песните, која најверојатно и ќе биде првиот сингл од албумот, се вика „Feet Don’t Fail Me“ и мене ме потсеќа на траки од постари QOTSA ствари ала албумот Era Vulgaris (2007).

Дополнително инфо од интернет

Новата веб-страница на QOTSA е дизајнирана од Boneface, уметникот позади феноменалниот омот на нивниот последен албум …Like Clockwork (2013), кој најверојатно ќе го дизајнира и омотот на Villains.

Во интервју на тема „новиот албум“, Josh Homme (фронтменот на Queens) го опиша албумот како „uptempo“ и го спореди со „пантер кој одскокнува од темнината.“ Тоа најверојатно значи дека новиот албум ќе биде прилично различен од …Like Clockwork.

 

Comments

comments