Запознајте го Sans Forgetica, новиот фонт создаден за подобро да го запомните прочитаното.

Sans Forgetica е тешко читлив, нехрамоничен, изместен… ама за добра цел. Како што самото име наговестува, ова е фонт кој е дизајниран така да не се заборави. Поточно, да не го заборавите она што е напишано со него.

Епа, Sans Forgetica е сѐ што Helvetica не е. Тешко читлив, нехрамоничен, изместен… ама за добра цел. Како што самото име наговестува, ова е фонт што е така издизајниран што тешко се заборава. Поточно, да не го заборавите она што е напишано со него.

 

 

Sans Forgetica е креација на дизајнери и психолози од Универзитетот RMIT во Мелбурн. Базиран е на теоријата наречена „посакувана потешкотија“ според која луѓето подобро помнат кога треба да преминат извесни пречки. Затоа, овој фонт е малку навален налево и има празнини во секоја буква, па мозокот треба да реши мала сложувалка за да го прочита. Овие ситни пречки пак, прават прочитаното да биде поуспешно запомнето.

Конкретно, според студијата спроведена меѓу 400 студенти, текстот напишан со Sans Forgetica во просек се помни за 7 проценти подобро, отколку, на пример, оној напишан со Arial. 

Sans Forgetica може да го тестирате и преземете тука.

 

Comments

comments