Страшно, страшно се возбудив.

Најмалку еднаш во две недели, низ последните 6 месеци, проверував дали и кога ќе излезе нова епизода. Искрено, исто како и тебе, на моменти губев надеж и се откажував. Тешки времиња.

Вчера, на нај Rick-and-Morty-начин, Dan Harmon најави дека Adult Swim дента (на први април, се разбира) ќе ја објави првата епизода од 3-тата сезона. Whaaaat? Wubba Lubba Dub Dub!

Кога фан на Твитер на твит од Dan Harmon искоментира дека сè што сака е нова Rick and Morty сезона, Harmon на неверојатно мангупски начин му врати: „Што ако замавнам со моето магично стапче и вечерва ја објавам новата епизода?“.

Пар твитови подоцна…

 

 

Дали епизодата е феноменална, се разбира, не е ни прашање. Неверојатна е. Сакам да ја гледам пак и пак и пак и пак и пак. Не. Се предомислив сакам да гледам нови епизоди, уште епизоди, уште неколку стотици и доволно е. Пример доволно епизоди за да гледам по три на ден сè додека не родам 4 деца и немам време за ништо освен блендање кашички.

Затоа, McDonald’s, уозбили се. Иднината на универзумот лежи во твои раце.

*Објаснување што се надевам не се брои за спојлер: Dan Harmon and Justin Roiland ја злоупотребуваат новата епизода за од McDonald’s да побараат да го врати нивниот limited edition Mulan сос од 1998. Јас викам, од сите злоупотребувања на моќ, ова е дефинитивно најсимпатичното.

 

 

Целосно неочекувано, изгледа за прв пат во 70 години, McDonald’s конечно ќе направи некоја паметна одлука, па ќе се „извади“ за воведувањето на салати со вкус на рециклиран картон.

 

 

Да, текстов е хаос, ама гајле ми е. Идам да чекам Rick and Morty и ништо друго не е важно.

 

 

Comments

comments