Фотографија/Дизајн: Илија Стефановски
Модели: 
@errorofharmony crew, Ана Ежовa, Викторија Ристовска, Сара Крстевска

 

Пред некој ден во студиото на Reborn се сликаше дел од новата колекција на [0.10]error of harmony, културно-уметничкиот колектив чиј фокус е одржување и поддржување на скејт културата во Македонија.

Велиме дел од колекцијата бидејќи дечките и девојките од [0.10]error of harmony тешко дека ќе ги собереш на едно место и ќе ги натераш да седат мирни, па затоа честопати колекциите се сликаат/снимаат на улица, во движење и на повеќе локации.

Си најдовме топ парчиња што не можеме да дочекаме да си ги купиме (наш фаворит се oversize блузоните и „бомберките” со принт на грбот, додека [0.10]error of harmony екипата е заљубена во панталоните што магично собирале сечиј газ) и си поминавме супер, па ѕирнете и вие неколку од фотките, а целата приказна можете да ја прочитате тука.

Голема благодарност до Никола за зеленото тепихче заборавено во студио и до Горан Поповски за (не)моралната поддршка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments

comments