Фотографии и облека: Error of Harmony

 

Инспирирани од убавата слика на скејтерите кои по многу години повторно се вратија пред Влада (местото подобро познато како ЦЕКА), а и од фактот што секогаш ќе бидат пофраери од нас, решивме малку да ги распрашаме нашите млади скејтери.

Пресреќни бевме да откриеме дека МК скејт заедницата не само што е live’n’kicking, туку и се случуваат многу нови и супер работи, а и новите генерации носат своја свежа енергија, нови стилови и нова публика. Ало! После Ана Мало, повторно имаме девојки што возат скејт!

Па наместо упорно да евоцираме спомени од стариот скејт парк (да, знаеме дека беше најбољи) или од старата, добро позната екипа, решивме да им дадеме збор на децата што ја продолжуваат оваа скејт-мисија, и да ги замолиме да ни ги раскажат нивните приказни.

Ние ги запознавме, сега на вас е ред да ги запознаете Андреј, Алек, Огнен, Кристина, Сем и Сара.

 

Андреј

Омилено место за возење во Скопје ми е: Плочник
Најинспирирано се чуствувам кога: Гледам скејт видеа
Омилен скејтерски бренд кој го немаме кај нас: Welcome
Мојот стил на возење е: Лабав и лежерен

 

 

 

Алек

Омилен скејтерски бренд кој го немаме кај нас: Deathwish или Baker
Патики кои никогаш нема да ги фрлам: HUF Dylan Rieder Pro Model
Кога се будам прво: Пијам кафе и пушам цигара
Не можам да живеам без: Моите најдобри другари

 

 

 

Огнен

Никогаш не би возел: Ролерки
Скејт кој би го возел до крајот на животот: Flip даски
Секогаш со себе носам: Слушалки
Кога се будам прво: Пуштам музика

 

 

 

Кристина

Омилено место за возење: Плочник
Најголема инспирација: Скејт видеа
Секогаш со себе носам: Слушалки
Скејт кој би го возела до крај на животот: Creature

 

 

 

Сара

Омилено место за возење во Скопје ми e: Средно музичко
Омилен скејтерски бренд кој го немаме кај нас: Lakai
Од дома не излегувам без: Мобилен, слушалки и вода
Најинспирирано се чуствувам кога: Гледам скејт видеа

 

 

 

Сем

Mојот стил на возење е: Стрит
На врвот на мојот “bucket list” е: Да одам вo LA na skate trip.
Најинспирирано се осеќам кога: Гледам про скејтери, особено во живо
Скејт кој би го возел до крај на животот е: {0.10 Error of Harmony}
Кога се будам прво: Мочам

 

Comments

comments