„Until the road is a dead end“ е името на новата песна од The Black & Vice Social Club.

Што е The Black & Vice Social Club? Бенд? Фирма? Часовите помеѓу полноќ и 4 наутро? Времето на несоница, лош избор и изгубени шанси? Или пак само е „место во место“, каде секој од нас може да биде тоа што вистински е, без судење од останатите, во звучна оргија со конечно искупување кое нè чека на крајот? Или можеби сè од горенаведеното?

The Black & Vice Social Club се: Ади Имери – гитара и вокал; Горјан Стојменовски – гитара; Стефан Стојчев – бас и вокал и Благоја Антовски – тапани.

Откако ве информиравме и наполнивме со основните информации, време е вашето уво и вашите сетила да ги запознаат The Black & Vice Social Club.

 

 

Comments

comments