Денес Apple ја сподели „Welcome Home”, нивната најнова реклама направена од режисерот Spike Jonze, истиот кој стои и позади најдобрата реклама за парфем на сите времиња.

Главната улога во „Welcome Home” ја игра FKA Twigs, која низ целото видео танцува во својот апартман на „Til It’s Over“, новата песна од Anderson .Paak. Тоа што го прави ова видео уникатно е тоа што додека FKA танцува, со своите движења го трансформира изгледот на апартманот во нереален и колоритен тунел.

Оваа реклама е дел од кампањата на Apple за новиот HomePod модул, а нејзината скратена верзија ќе биде прикажана на голем дел од светските ТВ медиуми.

 

Comments

comments