Принцеза алкохоличар, елф и демон се главните протагонисти во новата анимирана серија на Matt Groening. Авторот на „Тhe Simpsons“ и „Futurama“ потпиша договор со Netflix за емитување на 20 епизоди. Првите 10 ќе имаат премиера ова лето, на 17 август.

Името на серијата е „Disenchantment“, а дејството ќе е одвива во распаднатото средновековно кралство„Dreamland“. Принцезата Bean, нејзиниот пријател елфот Elfo и личниот демон Luci ќе се среќаваат со орки, тролови, демони, волшебници, жени-птици (харпија), моржови и будалести човечки ликови.

Disenchantment“ ќе биде за живот и смрт, љубов и секс и како да продолжиш да се смееш во свет полн со страдање и идиоти, без оглед на она што елфовите, магионичарите, возрасните и останатите кретени ти го кажуваат.“, вели авторот во соопштението за јавност на Netflix.

Анимацијата ќе ја прави Rough Draft Studios, односно истата креативна екипа која ја создаваше Futurama. Гласовите за главните ликови ќе ги позајмат Abbi Jacobson (принцезата Bean), Nat Faxon (елфот Elfo) и Eric Andre (демонот Luci).

 

 

Oд она што досега е откриено, делува дека ова ќе биде еден од помрачните проекти на Groening, сместен во свет кој се распаѓа, полн зависности и мрачни сили. Преку средновековна фантазија ќе ги адресира современите болки. Но, судејќи по неговата досегашна работа, не се сомневаме дека авторот ќе успее да вметне многу хумор, човечка топлина и надеж и покрај сиот цинизам и апсурд.

Toa e и делот од мајсторијата на Groening – способноста идеално да ја помеша љубовта и омразата кон човештвото во сооднос кој ги дава нај тридиемнзионалните цртани ликови кои ги знаеме и обожаваме.

 

 

Инаку, покрај „Disenchantment“, Groening останува ангажиран со „The Simpsons“. Симпсонови туку што ја завршија својата 29 сезона на Fox и со 636 епизоди влегоа во историјата како најдолго емитувана анимирана серија. Сепак, ќе може да се смееме уште извесно време и со ова семејство, затоа што авторот потпиша договор за нова, 30-та сезона.

 

Comments

comments