Според зборовите на тимот на „Џолев и уметностите“ новата сезона ќе привлече најмалку 100 креативни умови, кои ќе бидат менторирани од тим на професионалци, секој експерт во својата област, кој оваа година е проширен со нови членови.

Тимот на професионалци кои ќе учествуваат во улога на ментори оваа сезона го сочинуваат: Зоран Кардула, Никола Узуновски, Проф. Небојша Вилиќ, Проф. Никола Ефтимов, Проф. Никола Булески, Доц. Александра Јовановска, Проф. Стефан Сидовски, Ирина Тошева, Петар Павлов, Драги Неделчевски и многу други и оваа година нуди можност да се образуваш во областа на фотографијата, глума, визуелни уметности и моден дизајн.

 

 

Курсот по фотографија, под менторство на мултимедијалниот уметник Дејан Џолев и фотографот Драги Неделчевски, во соработкa со професионални фотографи, фоторепортери, режисери, сликари, драматурзи, актери, модни дизајнери, и фотомодели започнува на 20 октомври и ќе трае 12 недели.

Во текот на курсот учесниците креативно ќе ги искористат вредностите на фотографијата од технички, ликовен и драматуршки карактер. На крајот од курсот ќе се реализира групна изложба на фотографии.

 

 

Обуката за филм и филмски актер, под менторство на филмскиот режисер Дејан Џолев, во соработка со универзитетски професори, професионални актери, режисери, театарски и филмски работници започнува на 21 октомври и ќе трае 10 недели.

Учесниците преку оваа обука ќе имаат можност да се запознаат со елементарните актерски, сценариски и режисерски теми и карактеристики преку практични предавања и вежби, снимачки етиди, посета на кино проекции и театарски претстави.

Во текот на двата модули, секој од актерите ќе биде дел од најмалку три кратки филмски етиди, кои подоцна премиерно ќе бидат проектирани на големото филмско платно во „Кинотека на Македонија“. Секој учесник ќе добие сертификат за успешно реализирана програма „Обука за филм и филмски актер“, како и професионални кастинг фотографии со CV и ДВД со сите остварени филмски актерски етиди.

 

 

Академијата за визуелни уметности, под менторство на Дејан Џолев, Влатко Ристов, Зоран Кардула, Петар Павлов и други, започнува на 15 октомври и ќе трае 9 месеци.

Академијата нуди нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава која вклучува практична активност во студио, атеље и компјутерска лабораторија во соработка со еминентни професори од локалните универзитети, дизајн студија и бизниси како и реализација на портфолио и финален производ со негово јавно претставување на крајот од академската програмата, преку галериска завршна изложба со цел лично претставување и започнување на кариера.

После завршувањето на академијата обезбедена е задолжителна едномесечна пракса со можност за вработување.

 

 

Академијата за моден дизајн, под менторство на Никола Ефтимов, Никола Буклески, Ирина Тошева, Александра Јовановска, започнува на 15 октомври и ќе трае 9 месеци.

Академијата нуди нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава што вклучува практична активност во модно студио, атеље и компјутерска лабораторија, во соработка со еминентни професори, модни дизајнери од локалните универзитети, модни студија и бизниси, како и реализација на портфолио од идејни решенија, модни илустрации, модни фотографии, прототип дизајни и финален дизајн производ со негово јавно претставување на крајот од академската програмата преку завршна изложба.

 

Comments

comments