Фотографии: Lekker Collective

 

Ако ги сакате Grimes, Sevdaliza, FKA Twigs и Björk, ќе ви се допадне и NOVAA.

NOVAA е 19 годишна пејачка, текстописец и продуцент, која веќе е споредувана со значајни артисти како што се Björk и Grimes. Со нејзините уникатни елементи на електроника, инди-фолк и поп, NOVAA создава нов жанр – органска електроника. Нејзиниот кристално чист глас плива низ лебдечките тонови во нејзините песни.

NOVAA конечно ја издаде нејзината плоча „Stolen Peaches“ откако полека нè намамуваше со сингловите „Skinny Dipping“, „Rose“, „Hands“ и „Sex“ во текот на последните неколку месеци.

 

rose

 

Во летото во 2015та, NOVAA почнува да собира и комбинира идеи и песни за нејзиниот албум „Peaches“. Еден цел нов свет на звуци и сказни беше создаден, со посебни ликови поврзани со секоја песна, прикажувајќи го нејзиниот уникатен и извонреден приод кон сопствениот музички универзум.

Но пред да го заврши својот албум, нејзиниот автомобил беше ограбен, и компјутерот со целиот материјал за албумот беше украден.

Не откажувајќи се, Novaa успеа да ги реконструира остатоците на тие идеи и „Stolen Peaches“ е прероден во нов, уникатен електронски жанр кој таа го нарекува „Органска Електроника“.

За повеќе, следете ја NOVAA на SoundCloud, Facebook, Twitter и Instagram.

 

Comments

comments