Неодамна заврши првиот циклус на конкурси за дизајн на мебел, што значи дека е време за вториот.

На првиот циклус објавивме 4 конкурси (за дизајн на стол, ламба, работна станица и софа) и добивме повеќе од 100 апликации! Од нив, не беше едноставно, но моравме да одредиме по само еден победник, и тоа – Антонио Станковиќ (дизајн на стол), Катерина Трпковска (дизајн на ламба), Соња Јанковиќ (дизајн на софа) и Деа Беатовиќ (дизајн на работна станица).

Сега, на нашиот вебсајт, се објавени нови 4 конкурси кои ќе бидат активни сè до 1 октомври 2017. Поконкретно станува збор за конкурси за: дизајн на софа, за иновативен (декоративен) предмет и декоративна перница (овие три се поддржани од FEYDOM) и за дизајн на масичка за кафе (кој поддржан од Coyaconeya). Три од овие конкурси се целосно нови, а оној посветен на дизајн на софа останува ист како конкурсот во претходниот циклус.

 

Масичка за кафе

 

Софа

 

Декоративна перница

 

Иновативен (декоративен) предмет

 

Поради креативната слобода која ја нуди, на конкурсот за дизајн на декоративна перница би сакале да ги поканиме сите дизајнери (не само оние фокусирани на дизајн на мебел) да испратат свое графичко решение. Односно, фокусот овој пат би сакале да го ставиме на изгледот на перницата, што значи дека сите креативци може да аплицираат со интересно, свежо решение за нејзиниот надворешен дизајн и декорација.

Конкурсот за иновативен (декоративен) предмет исто така им дава на дизајнерите прилично голема слобода, бидејќи станува збор за предмет по избор на дизајнерот кој тој/таа смета дека на сите би ни го подобрил и олеснил животот. Во оваа категорија може да влезе сè – од интересен и досега невиден дизајн на држач за списанија, до екстремно практичен начин за складирање на чевли.

Се разбира, исто како и минатите конкурси, и овие се отворени за секој заинтересиран – не само за искусните дизајнери и архитекти, туку и за сите страствени аматери, студенти и ентузијасти. А откако една дизајн-идеја ќе биде одобрена од стручното жири на HOIOOOD, дизајнерот ќе има прилика да продолжи со развој на својот продукт во Отвореното дизајн студио на HOIOOOD, заедно со тим на експерти.

Проектот House of 1000 Designers е предводен од FEYDOM, а финансиски делумно поддржан од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и претставува еден тип на дизајн инкубатор кој им понуди на сите заинтересирани дизајнери да се здобијат со потребното знаење и искуство за својот дизајн да го пласираат на пазарот.

 

Comments

comments