Еден од најуспешните современи македонски уметници, Жарко Башески, кој имавме чест да биде дел и од Музеј Дебар Маало, утре од 20 часот во Музеј на Град Скопје ќе има нова изложба.

Насловена „Out of“, на изложбата ќе биде презентирано новото дело на Башески, кое ќе биде изработено во хипер реалистичен стил, карактеристичен за авторот.

 

 

Делото е со монументални димензии од 290x210x90 сантиметри, а техничката изработка е од полиестер, силикон и природни влакна. Авторот вели дека делото претставува истовремено нема рефлексија и крик на обичниот човек за повторен допир со реалноста, но и со себе си.

 

Comments

comments