Веќе 4 месеци по ред, елегантно и многу случајно, девојка ти ти спомнуваше каков поклон би сакала за нова година. А ти не примети.

Во ред е, не те прави тоа (страшно) лош партнер. Или можеби те прави. Сè зависи од тоа како ќе изиграш следниве две недели. Има две можни сценарија:

(1) Во првото ќе ја прашаш девојка ти што ти повторуваше последните месеци, па со тоа ќе потврдиш дека си дечкото што никогаш не слуша;

(2)  Ќе се потрудиш, убаво ќе се потрудиш и ќе и поклониш на девојка ти нешто подобро и од тоа што го посакувала.

Ха!

 

Чевли од Parfois

Во некои земји веруваат дека на девојка не се подаруваат чевли. За среќа на сите девојки во Македонија, тоа не е случајот кај нас. Ако девојка ти е од оние што поседуваат повеќе од 10 пара чевли, а ниту еден од нив не е на штикла, ова е поклонот.

 

Фустан од Mango

Ти текнува на филмовите што девојка ти потајно ги обожава? Оние во кои девојката пред (новогодишна) прослава добива фустан на поклон, убаво завиткан во кутија? Зошто да не? Добиваш дополнителни поени ако го погодиш бројот од прва.

 

Кожен мантил од Mango

Тоа што сезонава ќе треба да ја преживуваме на -20 не значи дека една девојка ти / другарка ти нема да може да издржи една вечер. За убавина, нели така викаа?

 

Грамофон

Имаш неколку опции – да купиш нов (што нема да најдеш кај нас баш лесно), да купиш на старо (барај на Пазар 3 и Реклама 5) или да најдеш кај дедо ти во подрум.

 

Ташна од Parfois

Верувај. Никогаш во историјата не е забележано девојка да не се израдува на ташна. Невозможно е да згрешиш.

 

Принт од Корубин

За девојката што штотуку се одлучи да живее сама и ѕидовите се сè уште празни.

 

Rose Argan Oil  

На девојката што инвестира во нега на кожа, а не во шминка, подари и арганово масло од новиот македонско-шведски бренд.

 

Плоча

Ако девојка ти веќе има грамофон, тоа значи дека никогаш нема доволно плочи. Поддржи некој од нашите локални бендови и подари и албум што ќе звучи уште подобро на плоча.

 

Кактус од Bulberry

Кактус е совршеното растение, или наречи го цвеќе, за домот на млада девојка. Изгледа добро, се наводнува еднаш месечно.

 

Книга „Growing“

Growing е книга која секој, не само твојата девојка, би посакал да биде дел од домашната библиотека.

 

Прстен од Parfois

Ако е прерано за свршенички прстен, разгледај ја оваа опција. Диме вика дека е добар начин да истестираш како ќе изреагира. 🙂

 

Фустан од GUESS 

Малку поелегантна верзија фустан за поелегантна верзија на новогодишна забава.

 

 

Comments

comments