Од 31 мај до 5 јуни, во просториите на МКЦ, МОБ и клубот Епицентар ќе се оддржи седумнаесеттото издание на ОФФест.

Програмата на ОФФест, како и секоја година досега, вклучува актуелни и популарни музички имиња. На самото отворање на ОФФест 2018, на 31 мај во денсинг халата во МКЦ, со почеток во 21.00 часот, ќе имаме можност да ги проследиме одличните конгоанци Jupiter & Okwess.

Наредниот ден, на 1 јуни, исто така во денсинг халата на МКЦ, со почеток во 20.00 часот, оригиналната музичка експресија на Fighting Windmills ќе се сретне со хипнотичката моќ на Dirtmusic (САД, Австралија и Турција).

На 2 јуни во Кино Фросина – МКЦ, со почеток во 20.00 часот, возбудливите ритми на Officina Zoe (Италија) ќе предизвикаат бура од емоции, додека пак истиот ден, во 21.30 часот, во денсинг халата на МКЦ, Ifriqiyya Electrique (Тунис) и Gaye Su Akyol (Турција), ќе ја пренесат својата енергична и заразна шаманска церемонија. Истиот ден, во клубот Епицентар, DJ Mukambo ќе ве натера да танцувате до раните утрински часови.

На 3 јуни пак, со почеток во 20.00 часот, во Киното Фросина во МКЦ, ќе настапат Barmer Boys (Индија) и Trans-Aeolian Transmission (Италија / Франција).

Финалето на ОФФест 2018 ќе се одржи на 5 јуни во МОБ, со почеток во 20.30 часот, каде овогодинешниот фестивал ќе биде заокружен со гласот на африканската дива Oumou Sangare.

Деталната програма на фестивалот може да ја погледнете на нивниот вебсајт

 

 

Цени на билети:

31.05 | MKC Dancing Hall | 21:00
500 денари
1.06 | MKC Dancing Hall | 21:00
500 денари
2.06 | МКЦ Кино Фросина / MKC Dancing Hall | 20:00
500 денари
2.06 | Клуб Епицентар | 00:00
200 денари
3.06 | МКЦ | 20:00
500 денари
5.06 | МОБ | 20:30
Галерија 1200 den. / Партер 1500 денари
Комплет билети: 1500 денари

*Билетот за концертот на Oumou Sangaré не е вклучен во комплетот билети.

Билетите се во продажба во: Југотон Рекордс, МОБ, МКЦ и www.mktickets.mk.

 

Comments

comments