Си пробал ли некогаш да одговориш на прашањето со кои светски уметници би избрал да поминеш еден ден? Епа шансите се огромни дека баш истите тие веќе се дружат, само без тебе.

Светот е премногу мал кога си добар уметник. Почни да ги набројуваш – Andy Warhol и Jean-Michel Basquiat, Luis Buñuel и Salvador Dalí, David Byrne и Brian Eno, David Bowie и Iggy Pop… Можеби за првите три неверојатни комбинации од уметници ќе издржиш да веруваш дека е чиста случајност, ама после некое време почнуваш да сфаќаш дека универзумот многу добро и внимателно ги реди коцките.

Графити уметноста е прекрасен пример за оваа магична појава на уметници кои знаат дека е најдобро кога работат #заедно, сите (скопски) графити уметници кои ги знаеме се движат и работат во групи.

Минатиот викенд беше прекрасен, имавме прилика #заедно со Мачка, Драш, СРК (OKS Crew) и нивниот гостин графити артист од Бугарија, да оставиме некој белег на Скопје. Ги распрашавме за тајните на тимското уметничко создавање, и се разбира, ги споделуваме со вас.

 

DSC_0098

 

Кажете ни нешто повеќе за вашиот колектив. Како почна? Колку време работите заедно?

Сè почна на другарска база, во стилот „ај да правиме екипа и да цртаме под исто име” и после 5-6 години сме стигнати да имаме стабилен тим кој успешно си го работи своето хоби и пасија. Најтешкото нешто беше наоѓање на вистинското заедничко име, ама ете и тоа се случи.

 

Секој од вас има специфичен стил на работа. Може ли да си ги опишете стиловите?

СРК: Јас најмногу работам со букви и прави линии. Се стремам да изработам некој вид на геометриски букви. Секој цртач негува и има свој стил на цртање, така што ако имаш видено графити од тој цртач во иднина можеш да го препознаеш и неговиот стил.

МАЧКА: Искрено не би можел да го именувам стилот, ниту пак да го вметнам во некоја категорија. Денес сме сведоци на комбинација на различни техники и стилови, па така не сакам да се ограничувам во однос на техниката и материјалите, т.е. не се стремам и насочувам кон одреден стил. Едноставно сè што ќе ми се допадне, сè што ќе нацртам на лист хартија сакам да го пренесам на ѕид.

Користам разни материјали, четки, ваљаци, акрили, мастила, маркери и спрееви. Најчесто цртам карактери — бувот ми е еден од омилените.

 

DSC_9989DSC_0056 copy

 

Кажете ни нешто повеќе за секој од вас. Кои сте надвор од ОКС?

СРК: Јас сум Срк, хахаха… смешно е. Цртам графити веќе 12-13 години. Ме исполнува тоа, и ќе продолжам да го правам, иако е едно од поскапите хобија кои ми се на дофат и се реално остварливи.

МАЧКА: Надвор од ОКС, јас сум архитект по професија, што не работи како архитект, но си ја сака и почитува архитектурата, понекогаш и шкрта по неа.

 

 

Кој од вас има највеќе графити? Колку се тоа?

Највеќе графити имаат Драш и Срк. Отприлика 250-300.

 

Најинтересно место каде што сте цртале до сега?

СРК: Најинтересно место како место не постои, туку тоа се сите места каде што има голема фреквенција на луѓе што само по себе повлекува голема доза на адреналин кој е основен двигател во ова хоби и тоа е тоа што се бара.

МАЧКА: Не знам кое би го одвоил како најинтересно. Скоро секогаш цртањата ги паметиме по некои случувања, дали биле пријатни или непријатни, но во глобала сите цртања се забавни и интересни.

 

DSC_9962DSC_0056 copy2DSC_0007

 

Работите и на комерцијални проекти — цртате во канцеларии, на настани, итн. Кажете ни нешто повеќе околу тоа.

Цртаме на сите настани каде што ќе бидеме повикани, односно каде што ќе се спогодиме со ликот кој не ангажира, т.е. спогодување околу хонорар, материјал, желбата и идејата за тоа што ќе се црта и ред други ствари и детали.

 

Галерија

Фотографии: Лилика Стрезоска

 

1200x137Loop34Заедно сме повеќе, заедно – сите сме Vip! Содржините #Заедно се поддржани од Vip.

 

Comments

comments