Доколку сакаш да го споделиш знаењето кое го имаш на одредена тема сега можеш тоа да го направиш преку одржување на OnAir курс преку Xplorify.

Xplorify е стартап базиран на концептот на онлајн кумуникација во живо во форма на OnAir курсеви. Последниот продукт кој го развиваат е нивната платформа за онлајн туторинг сесии со кои учениците и предавачот се во директна комуникација во споделена виртуелна училница.

Првите 4 конкурси, со кои тие повикуваат индивидуи да се пријават за предавачи на онлајн курсеви се: конкурсот на отворена тема, After effects CCJava 8 и React.js кои се активни до 1 декември 2017 година. Курсевите ќе се одржуваат на англиски или германски јазик.

Java 8

After Effects CC

React.js

Отворена тема

“Доколку си дипломиран професор или едноставно индивидуа која има знаење во одредена област, сега имаш шанса да го претвориш знаењето и искуството во OnAir курс. Најуспешните курсеви ќе добијат парична награда и ќе бидат пласирани на пазарот за е-учење.” објаснува Горан Јованов, основач на Xplorify GmbH.

За да ја презентираш твојата идеја и да аплицираш на некој од нивните конкурси, се што треба да направиш е да исполниш едноставен формулар објавен на нивниот вебсајт. Како победник на одреден конкурс, ќе добиеш парична награда и твојата идеја ќе биде развиена во OnAir курс кој ќе го предаваш на заинтересираните ученици. Победничките курсеви ќе добијат и соодветна маркетинг кампања.

За повеќе информации следи ги Xplorify на Facebook, Twitter и LinkedIn, а доколку имаш дополнителни прашања може да ги контактираш директно на contact@xplorify.net.

 

Comments

comments