Доделуваме два билети за настапот на DJ Osunlade овој петок во Сектор 909. Лајкни го статусот на Facebook и тагни го твојот пријател/ка (во Facebook коментар) со кого би сакал да одиш на журка. Добитниците ќе бидат одредени на 17.08.2018 (петок).

Одличната летна сезона на Сектор 909 продолжува овој петок со гостувањето на можеби најспиритуалната личност во светот на хаус музиката, DJ Osunlade.

Овој петок, со почеток во 23.30 часот во Сектор 909, во организација на Izlet Music, Music Incubator, Balance, Sektor 909, а поддржано од Neuland, ќе гостува легендата на хаус музиката, DJ Osunlade.

DJ Osunlade е роден и израснат во St.Louis Missouri, Америка, родното место на голем број пионери во светот на блузот и џезот. Osunlade уште на седум годишна возраст започнува да свири пијано, а веќе на дванаесет години почнува да покажува особен интерес кон создавањето на музика. За музиката која ја создава Osunlade, светски реномираните музички критичари велат дека е унифицирана мелодија која се манифестира преку балансот, човечкиот живот и мудроста на постоењето. Во неговата скоро 30 годишна кариера тој има издадено повеќе од 20 албуми, одржано безброј настапи и многу ремикси.

Ако не го знаете Osunlade, ова се неколку работи кои мислиме дека ќе ве заинтересираат да дознаете и слушнете повеќе.

 

Следбеник е на религијата Yoruba и верува во Ifá

Уште од 1997 година, Osunlade (помалку познат како Christian Carlos Warren), е следбеник и живее според принципите на Ifá, култура и начин на живеење која се базира на правилата на природата со елементи и сличности на будизмот. Народски кажано – врач кој се занимава со црни магии и вуду кукли. Причината зошто Osunlade се „предал“ на учењата и верувањата на Yoruba е неговата нераскинлива конекција со претците.

Тој сфатил во еден период од животот дека сè што восприма од околината, луѓето и тоа што го опкружува е на некаков начин директно или индиректно поврзано со неговите претци и дека треба да ја следи таа интуиција, која долго време ја негирал.

 

Има живеено повеќе од 10 години на Санторини, Грција

Поради неверојатната смиреност и лесниот начин на живот, Osunlade поминал повеќе од 10 години живеејќи на грчкиот остров Санторини. Причината за неговата опсесија со Санторини е поради премногу бавниот начин на живот, вистинската поврзаност со локалците како и самата енергија на островот. Очигледно универзумот сакал, во одреден период од живот на Osunlade, Санторини да биде неговиот дом.

 

 

Знае да свири на 37 различни музички инструменти

Osunlade е мултиинструменталист и во досегашната кариера има пробано и свирено на вкупно 37 музички инструменти. Меѓу огромната листа на музички инструменти кои ги „разбира“ Osunlade – пијано, бас, тапани и перкусии му се омилени.

 

Редовен гостин е на фестивалот Burning Man

Osunlade со сигурност бил 8 пати гостин на Burning Man фестивалот, барем според информациите кои ги најдовме. Иако важи за доста зафатен и баран диџеј, за своето Burning Man искуство вели дека од година во година, со секој Burning Man станува сè подобар човек.

 

Comments

comments