Фотографии: Александра Костадиновска

 

Само за читателите на Reborn: Добиј 10% попуст на следното пазарење на paket.mk со кодот REBORN10. Промотивниот код важи до 22 март 2018 и може да се употреби еднаш по корисник.

Купувањето во супермаркет знае да биде уживанција. Но само, само кога имаш вишок 4 часа за да се изгубиш низ производите, да провериш што ново донеле и да си ја исфорсираш имагинацијата да смисли некоја нова, интересна комбинација за вечера.

Ова се случува еднаш во месецот – да може да се почастиме со прошетка низ едно од нашите омилени места, а останатите 30 дена ги поминуваме отворајќи ја вратата од фрижидер и затворајќи ја со надеж дека магично ќе се појави некаква храна внатре.

Сè додека не дознавме за paket.mk. Сега имаме нова омилена активност – онлајн супермаркет шопинг што доаѓа спакуван во прекрасни хартиени кеси.

 

 

На paket.mk можеш да најдеш сè што можеш да најдеш и во традиционален супермаркет – производи од пекара, зеленчук и овошје, месо, па сè до алкохолни пијалоци (некои производи како на пример вината Traikovsky се ексклузивно достапни на нивната апликација). Во меѓувреме тие работат на носење на нови брендови и продукти кои не се достапни на друго место, а меѓу нив и селекција на производи од мали инди брендови.

Искрено ти препорачуваме да ја испробаш и да пробаш да не се навлечеш. Thank us later.

Следи ги нашите чекори и направи ја својата прва нарачка:

 

 

1. Нарачај го твојот избор на намирници на paket.mk

Направи избор од асортиманот од повеќе од 2000 намирници и одбери 1 часовен термин за достава кој ти одговара. Достапна е достава и истиот ден, а плаќањето се прави онлајн со картичка.

 

 

 

2. Добиј SMS потврда дека нарачката пристигнува

15-тина минути пред да пристигне нарачката добиваш SMS пораката со линк за следење на нарачката. Со овој линк можеш да видиш на мапа и да следиш до каде е курирот.

 

 

 

3. Пречекај го курирот

Твојата нарачка пристигнува на врата, спакувана во симпатични хартиени кеси.

 

 

 

4. Потпиши се за примање на нарачката (дигитално! 2018!)

Бидејќи за нарачката веќе плати онлајн, сè што треба да направиш во овој момент е да му се заблагодариш на курирот и да се потпишеш дека си ја примила нарачката. Потписот е дигитален, што мислиме дека е добар детал.

 

 

 

5. Наполни го фрижидерот

Отвори ги кесите и изненади се колку добар избор си направила. Ние нарачавме чоколадо, авокадо (кое според основачот на paket.mk изненадно е една од 3-те најчесто нарачувани работи), ѓумбир, Traikovsky Ризлинг бело вино (моравме да го пробаме), салата и неколку пива. Знаеш, основни работи.

Откако нарачката е комплетирана ќе добиеш дигитална сметка на која ќе можеш да оставиш твоја рецензија, на пример за колку си задоволен/на со доставата.

 

Comments

comments