„Журкиште, „Најдобро озвучување на DJски настап кај нас, „Прејако беше, „Немам појма кога се прибрав, ме спобудале Solomun беа дел од коментарите после „историската забава која ни ја приредија Solomun и Hosh пред некоја недела во Скопје. Овој петок на менито ќе се сервира динамично техно дуо Pan-Pot со прелив од локалните ДЏи Bodan Jamakoski, Ana Malo и Vaso.

Јас се приклучувам на горните коментари и можам само да додадам дека ова беше журката на летото, иако имавме прилично оскудно лето во поглед на забава од овој карактер.

Но како и земјотресиве (се надевам прекинаа), Win Music Freedom „пуштаат“ во пар две јаки журки за краток период. Овој петок во Скопје се Pan-Pot, дуото кое го сочинуваат Tassilo Ippenberger (ДЏствува од своја 15та година) и Thomas Benedix (ДЏ од своја 22ра година), и двајцата родум од Германија.

Целава приказна за Pan-Pot започнува далечната 2003 година кога Tassilo и Thomas (можеле да бидат Double T) за прв пат се среќаваат како студенти по аудио инженерство на берлинскиот SAE Институт.

Интересен факт поврзан со нивното име, е тоа дека е кованица од два збора Panoramic Potentiometer. А додека сме кај името, најомразеното прашање им е „Кој е Пан, кој Пот? на што јас би додал и најглупото.

 

 

Официјалниот старт како Pan-Pot го имаат во 2005 година со „Popy & CasteОдлучувачкиот момент во кариерата на Pan-Pot се случува во 2007 година кога го издаваат нивниот дебитантски албум, Pan-O-Rama, а после него следи успонот во нивната кариера.

Од тој момент се појавија во етерот хитовите како „Charly“,  „Confronted“ и „Captain My Captain“ кои го прикажаа нивниот класичен, силен и правовремен продукциски стил, претставувајќи ги како најпостојаните „растурачи“ на техно на пазарот.

Во нивната досегашна кариера како ДЏи имаат настапувано во најразновидни клубови, дискотеки и локации како и пред публика од различен карактер. Самото тоа им донесе едно искуство и знаење со кое со леснотија се справуваат со различни ситуации од типот специфична публика, чудна локација или зезната организација. Со еден збор дечкиве се спремни за се.

На истиот начин и со истиот пристап се однесуваа и при создавањето на нивниот најнов албум, „The Other“ кој е плод на долгогодишна и макотрпна работа.  

На нас останува да бидеме добри домаќини, да не претеруваме со желби и молби, да ги пречекаме како што им доликува и да се журкаме како да нема утре.

Интересни факти: Thomas има(л) голем страв од летање кој на почетокот од неговата кариера бил преголем и понекогаш го доведувал до лудило (како на пр. не качување на авион поради страв и параноја), но сепак на крај на денот, журките, публиката и различните локации го бришат целиот страв и неспокој. Омилени клубови на Tassilo се Studio 80 во Амстердам и Watergate во Берлин.

 

Comments

comments