Постојат многу блогови за уметност. Постојат премногу модни блогови. И постои Pari Dust. Совршено вклопување на современата уметност, дизајнот и најновите модни парчиња.

Pari Ehsan, поранешна архитектка и дизајнерка на ентериери, сега е целосно посветена на креирањето на дијалог помеѓу модата и уметноста. Поврзувањата ги гледа во формите, боите, линиите и текстурите.

 

Erik-Parker_2

 

„Модата пред сè е создадена со некаква функција. А пак уметноста нема параметри, освен оние кои сама си ги поставува. Затоа и толку добро се надополнуваат.“

 

Patricia-Field_Apostolos Patricia-Field_David-Dalrymple Patricia-Field_Suzan-Pitt

 

Таа соработува со најдобрите музеи и уметнички галерии од типот на MoMa, Brooklyn Museum, Pace, Paul Kasmin а и со луксузни модни продавници како Moda Operandi и Ssense. Во ‘14та е првата која ја освојува наградата „Instagrammer of the Year“ од престижните CFDA модни награди. Со над 206,000 следбеници на Instagram, таа нѝ ја пренесува уметноста низ објективот на модата и со секоја фотографија нѝ ја поттикнува желбата да откриеме нешто ново.

Моја лична ооогромна инспирација.

 

Галерија

Comments

comments