Минатата недела пишувавме општо за трендовите кои според Pinterest ќе ги носиме оваа година. Овој пат ќе се фокусираме на нашето омилено парче облека – патиките.

Искрено, јас ќе си се држам за Adidas Gazelle. Може да изненадам со некоја нова боја која не сум мислела дека некогаш ќе ја носам на нога, ама тоа ќе биде „најлудиот“ потег кој ќе го направам во светот на патиките ова лето.

Но нели, како што му доликува на еден ваков напис, направив сериозно и длабоко истражување, се изнагледав патики до тој степен што некои модели од екстремно одвратни, по толку гледање, ми станаа ОК. Се исконтролирав и сопрев во добар момент, пред да ми станат убави.

Подолу се 5-те трендови на патики кои наводно њујоршките хипстери ќе ги носат оваа пролет, а ние можеби ќе ги прифатиме, можеби ќе ги игнорираме, или нели, ќе им се исмеваме.

 

Air Max 97

97-манијата започна во 2017, а според Pinterest ќе продолжи и годинава.

 

 

Пастелни бои, особено розева

Иако Pantone вика дека лила бојата ќе и го земе местото на розевата, изгледа ќе и треба повеќе од една сезона.

 

 

Ортопедски патики

Сериозно? Иако разбирам и почитувам треш-мода, ова е дефинитивно ту мач. Се надевам дека нема да дојде навака.

 

 

Патики со дебел ѓон

Може. Сè додека не е бел.

 

 

Glitter, glitter и уште малку glitter

Наводно, глитер-манијата не само што препрасна во еко-глитер движење туку премина и од сенка за очи на патики.

 

Comments

comments