Фотографии: Елена Фиданска
Стајлинг: Викторија Бурсак Петров
Модел: Ивана Манасиевска

 

Не знам за тебе, ама мене ова време на измешани стилови и естетика, време во кое упорно не се откажуваме од удобноста, ептен ми „лежи“. Па во обид да звучам како од добар филм, изјавувам дека – ова е дефинитивно времето на препознатливите и култните, времето на Adidas Superstar, Vans Oldschool и Converse.

И очигледно не сум само јас, овие легенди станаа влезница и знак на распознавање во светски рамки, знак за неотстапување од комфорот и истовремено присуство на истенчен вкус. Повеќе не само уличната мода се потпира на добрата патика, пополека тие прераснуваат во избор и за оние специјалните, свечени прилики. Би одела до таму што би изјавила дека денес патиките прераснаа во нешто магично, во печат на современиот statement look.

Најверојатно дотука дојдовме преку потребата за удобоност, или можеби враќање кон младоста и секако, новата експлозија на модна естсетика. Откажувањето од високите потпетици денес прерасна од одмор во совршен избор за личен потпис.

 

 

PARFOIS капче // MANGO очила, ланче, фармерки, маичка, јакна и ранец

 

 

 

 

 

 

 

 

MANGO фустан и капут // PARFOIS шешир и ташна

 

 

 

 

 

 

 

 

MANGO палто, кошула, пантолони, капут и очила // PARFOIS ранец

 

 

 

 

 

 

 

 

MANGO фустан // PARFOIS ранче и обетки // DIESEL јакна

 

Comments

comments