Во 2012 режисерот Франц вон Штролцен (Franz von Strolchen) доаѓа во Македонија за да ја истражи фиктивната состојба на безименост. Преку многу интервјуа и снимања низ земјата тој, заедно со тројца македонски актери и Берлинскиот техно продуцент Ларс Стове (Lars Stöwe) – ДЏ Анстам (DJ Anstam) креираат алтернативен клабинг перформанс.

 

IMG_7699 copy

 

Овој перформанс е инспириран од забавите кои биле организирани во време на конфликтната ситуација. Преку разгледување на прашања кои во нашето општество се провлекуваат како безвременски, овој перформанс се труди да создаде утопично општество, барем за една вечер, во една просторија. Клуб – културата се зема како средишна точка за соживот во пред сѐ, немирните времиња.

Перформансот е претходно изведуван во Флитстрит Театар (Fleetstreet Theater) во Хамбург, Германија; во Форум Штадтпарк (Forum Stadtpark) во Грац, Австрија и на театарскиот фестивал АУТНАУ! (OUTNOW!) во Бремен, Германија. Моментално е закажан да се изведува на четири локации низ Германија – Клуб Волт (Club Volt) во Хамбург, Абоут Бленк (About Blank) во Берлин, Културниот центар Цу-Бау (Kulturzentrum Z-Bau) во Нимберг и Патос клуб (Pathos Club) во Минхен во фебруари годинава.

 

IMG_7823 copy

IMG_7739 copy

IMG_7864 copy

 

Играат: Ивица Димитријевиќ, Наталија Теодосиева, Бобан Кулески

Режија: Франц вон Штролцен (Franz von Strolchen)

Текст: Кристијан Винклер (Christian Winkler)

Музика: Ларс Стове – ДЏ Анстам (Lars Stöwe – DJ Anstam)

Видеоарт: Симон Јансен (Simon Janssen)

Асистент на режија/продукција: Ерина Богоева

 

Comments

comments