Убавината на македонската жена е еден од основните естетски, но и глобализаторски фактори, кои во клучни мигови од историјата, влијаеле и ја креирале токму есенцијата на цивилизацијата која ја живееме денес.

Од античките Елена Тројанска, Олимпија и Клеопатра, до современите Јовано Јованке и Македонско девојче, нема голема разлика во надворешната/внатрешна убавина, силата, влијателноста и секако релевантноста за развојот на духот на најголемите синови на македонскиот народ. Од Хомер па се до Јонче Христовски (авторот на Македонско Девојче), уметниците немале избор, ами да создадат ремек дела за своите божици родилки и феме-шамани на уметноста на опстанокот. Добрата песна е веројатно најсовршената форма за вдахнување на вечен живот, наш скромен возвратен дар за оние кои ни подариле земен живот.

Секоја генерација има своја инспирација. Немам ништо против Кети и Лина, но ми се чини дека Скопје барем две децении го има надраснато стадиумот на средсело, па масовното дркање по „најдобрата девојка” е реликвија од минатото за денешните урбаните дечки. Од друга страна не знам која стратегија да употребам за да и се доближам на Јована/Јованка… се чини таа е најдобро чуваната мома крај Вардарот. Сепак, актуелната скопска оперативна сонична менажерија мора да каже нешто на оваа тема. Оти нашите мајки, жени, сестри, а особено нашите ќерки се во постојана трансформација и надградба, се поблиску до совршенството, а музиката е единствениот начин да им се доближиме во епската трка во која речиси секогаш не победуваат. Нашиот залог во обид, нашиот тројански коњ, нашата молитва… нашата понуда за 21виот век кон мајката божица, најубавата човечка инкарнација – жената… нека биде оваа песна. Малку милозлив божествен здив во нејзините едра и ете ни вистински хит.

 

Ти си, ти си Бела
Лична мома смела
Моја земја цела
Црвена и бела

Крај Вардарот Бела
Умна мома смела
Таја мисла стрела
Ќерко наша бела

Ти си, ти си Бела
Скопска книга бела
Градови и села
Наша земја цела

 

Comments

comments