Од денес до петок, ќе се емитуваат последните 5 епизоди од серијата „На терапија“.

После 40 изгледани епизоди и милион разбудени емоции, чувствуваме дека дефинитивно ќе ни треба терапија за да се справиме со синдромот на лишување од оваа одлична македонска серија.

Низ последните 2 месеци, живеевме во ординацијата обоена во совршена комбинација на меланхолија и спокој (која, патем, е специјално изграден сет), и во животните приказни на секој од ликовите. Се заљубивме во д-р Терзиев заедно со Милена, се боревме со себеси (и пиевме еспресо) како војникот Владо, сочувствувавме со болката на Ивана (и јадевме пица со неа), поминавме низ брачно советување со Гент и Зана, па потоа и со Виктор и Ана, за на крај да сфатиме дека проблемите најдобро се решаваат кога ќе си направиш добар, искрен муабет за нив.

Иако останавме без текст за извонредната глума на македонските актери и за тоа колку може да те погоди нечија емоција, дефинитивно сакаме да зборуваме за тоа кои прашања кои нѐ мачат пред финалето на серијата.

 

1. Дали Милена и Д-р Терзиев конечно ќе се спојат?

 

 

2. Дали Владо изврши самоубиство, или навистина се работи за несреќен случај на воена вежба?

 

 

3. Ќе исплива ли Ивана од темните, длабоки води на душевната потиснатост и депресијата?

 

 

4. Што ќе се случи со Гент и Зана? Развод на бракот… или развој на љубовта?

 

 

5. До него ли е или до нив?

 

Comments

comments