Општоприфатен е фактот дека што и да промовира, дизајнира или облече Pharell, тоа во истата секунда станува вирално и предизвикува општ хаос и паника на светско ниво. Тоа укажува на само едно нешто – што и да одобри Pharell, му веруваш и нема да се спротиставиш или негираш. Човеков е Rockefeller во уметничкиот свет.

Во 2003 година Pharell во колаборација со главниот човек на јапонскиот бренд за облека Bape (A Bathing Ape), господин Nigo, го основаа брендот за облека – Billionaire Boy’s Club (BBC). Од тој момент започнува масовната и глобална „модна треска” која се шири од Kanye West па се до André Leon Talley. Сепак, во 2012, Pharell и Nigo ги продаваат своите акции на мултинационалната корпорација, Iconix, кои патем се сопственици на Ecko и Zoo York.

 

billionaire-boys-club-2013-spring-summer-delivery-2-3

 

На ваков начин заврши „романсата” на Pharell и Nigo со BBC, за пред некоја недела да дознаеме дека Pharell откупил 50% од акциите на BBC. Со овој потег тој стана мнозински сопственик на BBC и ја презеде целокупната креативна контрола врз брендот. Тоа значи „враќањето на голема врата” на неговиот бренд за облека, чија приказна мора да признаеме е приближно уникатна и неверојатна, како онаа на човекот кој стои позади проектот.

 

tumblr_o1qxn8ZzED1rsda96o1_1280

 

Оваа вест е само потврда на сестраноста на Pharrell. Се работи за продуцент, артист и дизајнер кој е долго време активен во светот на модата. Во 2004та, Pharrell ја лансираше неговата колекција на патики за Reebok, а пак во 2005та за Apparel. После тоа следат соработките со Louis Vuitton за накит и очила за гледање, Moynat за кожни модни додатоци, Timberland за кондури, Comme des Garçons за парфем и со Adidas за патики.

Вода стои, Pharell не стои. Следното нешто од него е колекција на чорапи за Happy Socks, кои ќе бидат ексклузивно достапни само во продавниците на Neiman Marcus во април 2016та. Подолу има и неколку слики од чорапите Happy Socks x BBC. Дефинитвно се на #RebornWishlist.

 

HAPPY-SOCKS-x-BBC-billionaire-boys-club-Collezione

socks

billionaire-boys-club-happy-socks-limited-edition

billionaire_boys_club_happy_socks_limited_editio

billionaire_boys_club_happy_socks_io

 

Comments

comments