Фотографии: Елена Фиданска

 

Пред некој ден имав прилика да префрлам неколку прашања и одговори со Антонио, илустраторот познат како Pig Hands.

Не знаев многу за Pig Hands пред интервјуто, искрено, единствено нешто што знаев дека сериозно многу ми се допаѓаат неговите мрачно-симпатични илустрации. Има нешто толку привлечно во неговите прецизно изработени цртежи во кои секогаш внимава и на најмалите детали.

Продолжи да читаш за и ти да ја доживееш „прошетка” низ своите илустрации која, Антонио успешно ни ја „организираше”, а дополнително ќе откриеш како и зошто Pig Hands ужива во повлекување на хируршко прецизни линии, во квалитетна дебата, теории на заговор и во задлабочување во екстремно стонерски рифови и мелодии.

 

 

Дали си размислувал за креирање на тетоважи од твоите илустрации? Дали некој некогаш ти побарал да му нацрташ илустрација за за тетоважа?

Едно време имав машинка за тетовирање и со неа истетовирав неколку другари. Доколку се одлучам да продолжам со тетовирање, би инсистирал тетоважите да се исклучиво мои дизајни. Но моментално не размислувам за кариера како тату артист, затоа што сакам да се посветам целосно на моето

Тетовирањето го доживувам малку како себичен акт, затоа што делото останува лично, на еден сопственик, што не се поклопува со идејата која ја имам за творење, цртање и за тоа како треба да изгледа и да заврши еден креативен процес.

 

На што работиш во моментов? Кои се твоите планови за во иднина?

Моментално работам на дизајн за омот на плоча. Секогаш инсистирам работите да ги завршувам една по една, па затоа ретко се нафаќам на работа на повеќе проекти истовремено, од проста причина што не сакам временски ограничувања и брзање. Сакам да имам можност и доволно време за максимално да се посветам на една илустрација и на еден проект на кој во моментот работам.

Како следен проект кој можам да го споделам е тоа дека имам договорено изработка на неколку постери за филм. Покрај тоа, доколку стигнам, сакам да пуштам во промет и неколку дизајни на „Pig Hands” маици.

 

 

Дали има одредени филмови кои имале влијание врз твојот стил?

Секако дека имало и сè уште ќе има филмови кои ќе ме инспирираат или ќе имаат некаков влијание врз мене. Отсекогаш сум ги делел филмовите на тие што

оставиле впечаток или трага, како филмско дело и филмови во кои сум пронаоѓал некаков извор на инспирација.

Никогаш не заспивам без да изгледам филм, така што константно сум опкружен со мал милион филмски наслови и дела, но ако почнам да набројувам ќе ми снема страници. Дефинитивно филмовите имале и сè уште имаат влијание врз мојот лик и дело.

 

Која е твојата едукативна позадина? Кога и како започна со илустраторство?

Завршив средно уметничко училиште, каде делев клупа со Нак, и сè што не интересираше и двајцата тој период беше цртање на графити. Кога станува збор за илустраторството, горе-долу истиот тој период започнав и со цртање на илустрации, но првично на другарска база.

Но реално, мојата приказна како илустратор започна кога се запишав на Факултет за ликовни уметности. Тогаш ми се случи еден пресврт во животот – решив дека ми е преку глава од дремење и од не правење ништо, па решив целосно да се посветам на цртањето на хартија и на реализирање на мојот сон.  

 

 

Кога би требало да избереш едно дело кое ќе те претставува до крајот на животот, што би нацртал? Или можеби би искористил нешто веќе готово?

Искрено не знам. Имам некоја чудна love-hate врска со моите дела. Ако предолго ги анализирам, станувам екстремно самокритичен.

Затоа додека работам се трудам да го дадам максимум од себе, па по моментот кога ќе решам дека е делото е конечно „завршено”, многу ретко повторно се навраќам на истото.

Секогаш се трудам следното дело да биде подобро од претходното. А доколку треба да издвојам најдраги дела, тоа ќе бидат оние кои сум ги изработил за моите другари и пријатели.

 

Кои домашни илустратори би ги издвоил како најдобри или како твои најдраги, кои мислиш дека треба да ги знаеме?

Од домашните фаци би ги издвоил Ермал – Нак47, Баже – Нејмлес и Марио Германски.

Мислам дека секој уживател на добри вештини, стил и техника треба да ги пикира овие момци и да ја следи нивната работа.

Со Ермал сме другари уште од средно школо, па после многубројните дружби и цртања заедно, изгледа како најмногу да си имаме влијаено еден на друг. Никој не може да спука фристајл и да изгледа толку добро како него. Баже го запознав на една сеанса на цртање графити. Тој е вистински мулти-талент, од графити, преку цртежи и дизајни па сè до тетовирање. Машинката за тетовирање, од која многу брзо, се откажав му ја поклонив нему, па од тогаш ја нема пуштено од рака. Стварно е ненормално колку брзо напредува.

Марио е третиот син, тату мајстор со стил кој ненормално добро ми одговара. Со врзани очи би му дозволил да ме тетовира.

 

 

Дефинитивно имаш уникатен и оддалеку препознатлив стил. Голем дел од твоите илустрации се мрачни и тешки за „варење“ со чудни комбинации од животни со човечки облик. Дали има логични етапи во развојот на твојот стил? Од кого учеше и од кого е инспириран твојот стил?

Никогаш не ми било предизвик да го пренесам она што прво ти влетува во око, она што е највпечатливо, како и цртањето „реализми”.

Тоа е можеби така затоа што уште од мал обожавам секакви животни, митски битија од легенди, епови и приказни. Првите цртежи ми беа диносаурси и чудни, не-идентификувани животни, па најверојатно оттаму е инспирацијата и комбинацијата на вражји, антропоморфни, метаморфозирано, извитоперени и одвратно-симпатични животинско/хуманоидни тела.

Во однос на техниката, најмногу се угледувам на класика, на стари и веќе досадно-познати уметници како

Dürer, de Goya, Frazetta и Stout. Добрата линија ми е слабост, можам да потрошам часови и часови на блеење во детали и ситници.

 

Галерија

Comments

comments