Оваа сабота (15 септември), со почеток во 11.00 часот, во Градскиот парк во Скопје, граѓанската платформа „Мрдни со прст“ ќе одржи голем целодневен пикник.

Ќе се спортува, ќе се збавува, но и ќе се поразговара за граѓански активизам. Сите ќе имаат можност да се приклучат на идни граѓански акции и да предизвикаат позитивни промени во општеството.

Водител на пикникот ќе биде Мартин 99, отворањето е закажано за во 11.00 часот, кога ќе започнат активностите за најмладите и за спортистите, а ќе заврши со музичка програма во 1 часот по полноќ.

 

 

Агендата за настанот изгледа вака:

[11.00 – 14.00] Фондацијата „Чекор по чекор“ ќе организира активности за најмладите. Во исто време, ќе се одвива и настанот „Размрдај се“ – фитнес и јога со професионални инструктори под отворено небо.

[14.00 – 17.00] Дружење во „chill out“ зоната во која повеќе диџеи ќе пуштаат музика.

[17.30 – 19.00] Трибина под наслов „Нахрани го умот“ каде граѓански активисти ќе зборуваат за својата работа поврзана со борбата за чист воздух, здрава животна средина, учество во хуманитарни акции и борбата за подостоинствен живот на работниците. Водител на овој настан ќе биде Жаре од „Еден на еден“.

[19.30 – 20.30] Проекции на 3 кратки филмови од млади домашни автори, кои веќе беа претставени на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“.

[20.30 – 01.00] Настап на неколку познати артисти меѓу кои Гоце САФ, Тони Зен, Dj BoogieMan и Dj GameOver.

 

Comments

comments