Фотографија: Христина Трајкоска

 

Од 29 ноември до 1 декември во МКЦ ќе се оддржи петтото издание на ПИН Конференција, првата и единствена меѓународна музичка конференција во Македонија.

Во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј на фестивалот Таксират, кој годинава го прославува своето 20-то издание, ќе се одржи и новото издание на музичката конференција ПИН со што официјално ќе биде отворена програмата за славеничките „Денови на Таксират #20“.

ПИН Конференција, како еден од најзначајните проекти на Таксират и Password Production, е настан што успева веќе петта година по ред, во три програмски денови и на едно место да собере голем дел од најрелевантните имиња од европската музичка индустрија кои презентираат и дискутираат на актуелни теми од музичкиот бизнис.

Со извонредно богата програма, конференцијата ги става во фокусот темите поврзани со македонската и европската музичка сцена, музичката продукција, алтернативната култура и многу други теми.

 

 

Во фестивалскиот дел, пак, кој се одвива во вечерните часови, ПИН пред македонската публика ќе ги претстави концертите на повеќе од 20 музички изведувачи од Македонија и Европа, а веќе се потврдени настапите на голем дел од музичките гости. Во оваа листа годинава се запишуваат: Горан Трајкоски, „Егоритмија“, „Спирт архитект“, „Модуал“ и „Дупер“ од Македонија, „Ја-нек“ од Полска, Катја Шулц и Дарла Смоукинг од Словенија, „Жен“ од Хрватска, Рут Колева од Бугарија, „Ана енд д чејнџис“ од Србија и други.

ПИН Конференција е одлична увертира за главната вечер на Таксират, која годинава ќе се одржи на 8 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Веќе е потврден првиот гостин за завршницата на големата прослава, и тоа „Мандо Диао“, славниот шведски инди-рок бенд, кој за првпат ќе гостува во Македонија.

Влезот за сите денови на ПИН Конференција е бесплатен, но претходно мора да го пријавите вашето учество тука, а за повеќе инфо околу програмата проверете тука.

 

Comments

comments