Локалната креативна музичка комуна и активните дејци на музичката сцена од различни земји, во периодот од 30.11.17 до 02.12.17 ќе ја фокусираат својата енергија на едно место во Скопје. Се работи за четвртото издание на ПИН конференцијата – единствениот меѓународен музички собир во земјава.

ПИН (Pin Music Conference) е првата, и сега за сега, единствената меѓународна музичка конференција во Македонија. Од првото нејзино издание во 2012 година, ПИН е под покровителство и организација на Таксират и дел од реномираниот Таксират Фестивал.

Со цел музичарите да го добијат своето заслужено внимание, во програмата за ова четврто издание на ПИН Конференција се вметнати стотина меѓународни и домашни музички професионалци, букери, артисти, менаџери, промотери на концерти и фестивали, издавачи и експерти кои доаѓаат на ПИН со вредно знаење и искуство. Дел од нив се  Мирко Попов, Андреј Анчевски, Лука Ѓорѓиевски, Ади Имери, Ahmetcan Tasdemir, Бобан Лазовски, Michail Stangl, Virág Julia Csiszár и многу други како и концерти на Contact 59, Pogan Pagan, Baklava, Kiborg, Liars и многу други.

За темите, панелите, гостите и распоредот на настаните кликни тука. Влезот за конференцијата е бесплатен, само со претходна регистрација на вашето присуство, која можете да ја направите тука.

 

Comments

comments