Ако слушна некое шушкање и гласини дека Бијонсе била на Марков Манастир, би сакала да ви разјаснам за што станува збор.

Имено, студио Баика на чело со Бојан Кртолица снимија спот во кој главните згодници се двете сестри близначки, Cindy i Stessy Emelie. Овие французинки се познати на светската јавност по нивните одлични танчерски способности. Тие танцуваат и соработуваат ширум светот со познати ликови од музичката сцена, меѓу кои Queen B и моите омилени, Ibeyi.

Инаку Cindy i Stessy Emelie, заради потребите за снимањето на спотот за песната „I Follow“ на PinkNoColor, беа „приморани” да шизат на температура од -2 степени на Марков Манастир.

PinkNoColor се електро-поп бенд од Марсеј, Франција кои на 27 октомври го издадоа своето прво ЕП со наслов „Sweet Meteorite“. Инспирирани од афро-американските звуци, во комбинација со хип-хоп, џез и поп оваа талентирана петорка полека но сигурно прераснува во одличен бенд.

 

 

Бојан Кртолица и неговото студио Баика, освен што работеа на ко-продукција на последен спот на PinkNoColor, тие работеа и на градењето на нивниот визуелен идентитет (графички и сценски) како и на дизајнот на омотот (во печатено и дигитално издание), кој толку е добар што инстантно може да биде твојата нова лаптоп позадина.

Инаку концептот за омотот е human meteorite. Всушност, студио Баика се обидоа да создадат лебдечко тело направено од чад и човечка плот. За ова Бојан изјавува: „Процесот на креирање на ова дело беше налик составување на еден колаж”.

Во реализацијата на видеото работеа професионалци од Македонија и Франција. Режија и сценарио се на Бојан Кртолица, директор на фотографија е Ѓорѓи Клинчаров, стајлинг и арт дирекција се на Benoit Tardif, сценографија на Бојан Кртолица, продуција на Sarah Lepetre и извршна продукција на Елена Станишева.

 

Comments

comments