Ако последните неколку години беше минимализам и се во нијанси на црно, сега според Pinterest се случува сосема спротивното.

А и според Reborn, затоа што во еден мини-разговор што го имавме вчера, заклучивме дека скоро сите од нас поминуваат во фаза „ми здосади од сè црно, ќе пробам малку боја“.

Подолу се 10-те трендови кои Pinterest предвидува дека ќе бидат големи во 2018. Некои од нив планираме храбро да ги поддржиме, за некои ќе подразмислиме уште малку.

 

Големи логоа

Наводно, колку поголемо и на повидливо место – толку подобро.

 

 

Големи обетки

Pinterest вика, кај обетки важи истото правило како кај логоата – што поголеми и што повпечатливи.

 

 

Широки панталони

Не верувам дека ќе се откажеме од цевка фармерките, ама широки панталони пополека ни ги крадат срцата.

 

 

Плиш

Isabella Rossellini од Blue Velvet трендот конечно почнува да го тресе светот.

 

 

Ниски потпетици

Ниски потпетици или ниски високи потпетици? Не сме сигурни како се вика, ама сигурно не се високи. Се чини како високите потпетици пополека да „умираат“, а Pinterest ни е исполнет со т.н. kitten heels.  

 

 

Old school фармерки 

Секаков тип на фармерки, скоро сите високи до половина. Mom jeans? Boyfriend jeans? Cowboy cut jeans? Сите.

 

 

Карирани сакоа

Најверојатно сè карирано, но претежно сиви сакоа и мантили.

 

 

Лила e новата розева

Одобрено од Pantone како боја на годината, лила пополека го зазема местото на розевата.

 

 

Големи мантили

Огромни и во „машки стил“.

 

 

Очила во стилот на 90-тите

Или во стилот на Matrix, наречи ги како сакаш. Пластични, мали и во добри бои.

Comments

comments