Фотографии: Петар Даутовски

 

После доста непланирани проблеми, перипетии и драми, вчера, премиерно на Козјак, а истовремено и низ интернет просторот, се емитуваше првото издание на Pirka AVH, со стрим во живо на ДЏ Алек Солтиров.

Целта на Pirka АВХ е селекција на најдоброто од македонската музичка сцена и негова презентација преку стримови и видео емитувања на внимателно селектирани локации, дел од природната убавина и пејсажи на Македонија. Моментално тимот е фокусиран на електронската сцена, но во најава е ширење на жанровската застапеност.

Pirka АВХ себеси се дефинираат како колектив на индивидуалци, секој професионалец во својата област, кои заеднички творат и креираат со една цел – визуелна презентација на хармонијата помеѓу музиката и природните убавини.

 

 

Првиот стрим, кој се случи на Козјак, помина во најдобар ред, а Козјак се покажа како одличен домаќин. Веднаш по неговото завршување, почнавме да триеме прсти и нервозно да цупкаме за да дознаеме што е следно од колективот, на што ни јавија дека продолжуваат со промоција на нови уникатни локации и остварување на нивните идеи.

Додека ја чекаме следната аудивизуелна презентација на најдоброто од македонската музика и природните убавини, слушајте го Pirka радио, кое циркулира низ етерот 24/7, со жанровски разновидна музика.

 

 

Comments

comments