Не постои човек на планетава земја (а можеби и пошироко) што нема гледано, слушнато или барем прочитано за Pixar и нивните емотивни приказни, брилијантни карактери и прекрасни анимации. Токму Pixar беа оние кои анимираниот филм го подигнаа на едно ново скалило и го доближија до филмот и филмската уметност.

Но сепак, инспирацијата не доаѓа туку-така. Главниот извор на Pixar беа и сè уште се филмските класици. Можеби тоа сте го забележале, а можеби и не, но дефинитивно шпанецот Jorge Luengo Ruiz успеа тоа да ни го претстави на еден неверојатен начин, преку 5 минутна видео-компилација.

Во видеото погоре ќе имате можност да погледнете како Pixar се послужил со сцени од филмови како The Birds, The Exorcist, Psycho, The Shining, Jurassic Park, Mission Impossible, Star Wars, Indiana Jones и многу други.

 

Comments

comments