Серијалот од настани кои ги спроведуваме во партнерство со Neuland го започнавме пред 2 недели со „Blooming“, минатиот четврток се одржа вториот („Glaze“) а сега продолжуваме со „Plastic“.

Евентите ќе продолжат да се одржуваат секој четврток од наредните 8 недели, а нивната идеја е да им дадат прилика на локалните талентирани креативци да изработат дело кое на посетителите ќе им го зголеми доживувањето, преку адресирање на некое нивно сетило. Од арт инсталации и модни шоуа до дегустација на храна и 3Д визуелизации.

 

Фотографија од првиот NeulandNight (Синдикат)

 

Овој пат во фокус е сетилото за вид. Инсталацијата на настанот е изработена од Симона Тасевска, апсолвент на машинскиот факултет во Скопје на смерот индустриски дизајн, која неодамна ги заврши и нејзините студии на академијата за визуелни уметности, „Џолев и уметностите“.

Симона моментално работи во тимот на Reborn како графички дизајнер и учествува во организирање на NeulandNights настаните. Од индивидуалното професионално искуство ги издвојува проектите „Ab Aeterno“, „Reactor“ и едноминутниот филм „How to eat ice cream in a room full of man“.

За настанот „Plastic“ подготвува инсталација со веќе постоечки концепт, кој се базира на формирање на апстрактна композиција во простор, но овој пат разработена и REконтекстуализирана со цел да се истражи ефектот што формите и боите ќе го имаат врз визуелната перцепција на публиката.

Настанот ќе започне во 21.00 часот и ќе се одржи во кафе бар Круг. За музиката ќе биде одговорен Alex Acid.

 

Comments

comments