Pluto’s Doubts. Дефинитивно мојот омилен новопечен македонски музички продукт. Јас се заљубив на прва, а тоа последен пат ми го потврдија со нивниот настап на „Што се тресе во МКЦ”.

Изгледа дечкиве сериозно си ја сфаќаат работата, па пред некоја недела извадија видео спот за нивна прва песна, „Bye, Bye, Ulay”.

Ова беше само повод за да ги подбуцнам членовите на Pluto’s Doubts да ни кажат збор повеќе за нивното ново видео.

Еве што изјавија:

„Bye, Bye, Ulay”, е првата песна што ја создадовме со бендот и според сензибилитет е малку поразлична од останатите песни кои вообичаено ги свириме. Текстот е изворно од еден перформанс на Марина Абрамович, високо апликабилен за секаков тип разделба која вклучува човек и идеја.

Спотот во најголем дел го изработи екипата на БлаБла ТВ, за што сме им многу благодарни. Во сцените се вклучени и инсерти од настапот на „Што се тресе во МКЦ”, чија пролетна едиција е веќе во подготовки.

Со Pluto’s Doubts сме во редовна процедура на правење проби и очекуваме да го промовираме албумот кон крајот на оваа година.”

 

Comments

comments