Pluto’s Doubts (нов бенд од Скопје) ја објави својата прва песна и спот.

Pluto’s Doubts е оформен во 2015 година, а во него членуваат: Симон Пеоски (акустична гитара/тапани), Горјан Стојменовски (гитара), Дарко Поповски (вокал), Марио Симоновски (бас гитара) и Лука Ѓорѓиевски (клавијатура/вокал). Секој од нив е член на различни бендови и има други свои странични проекти како што се Funk Shui, Ego Disco, The Black and Vice social club, Mici и Naked.

Моментално работат на нивниот прв албум, кој би требало да излезе во 2016 година. Новата и единствена песна до сега насловена како „Super Jupiter“ е првата од трите планирани песни кои треба да бидат пуштени во етерот.

П.С. Првичното име на бендот требало да биде Calma, но сепак на крајот се одлучуваат за сегашното име.

 

Comments

comments