На четирите конкурси кои на платформата ги објавивме во јуни (за дизајн на стол, ламба, софа и работна станица) добивме вкупно неверојатни 105 дизајни од 76 дизајнери!

Со помош на комисијата составена од 18 члена (извршни директори на дистрибутивни компании за мебел) од 10 различни земји, нашиот тим направи потесна селекција од 20-тина дизајнери, кои ги поканивме на интервју во нашите канцеларии. Сите овие дизајнери, точно 26 на број, сега се официјално членови на HOIOOOD, што значи дека имаат пристап до ментори и можат слободно да презентираат било каков дизајн за продукт (во било кое време) или да се приклучат во еден од нашите постоечки проекти. Наскоро, нивните портфолија ќе бидат презентирани во базата на дизајнери на HOIOOOD.com, а нивните дизајни испратени на конкурсите можеш сега да ги погледнеш во галеријата подолу.

За секој од четирите конкурси, заедно со нашите интернационални гости и производителите кои ги спонзорираа конкурсите, избравме по еден официјален победник. Воопшто не беше едноставно. Добивме прекрасни дизајни, но на крајот од денот секој од победниците не беше селектиран само врз основа на испратениот предлог-дизајн, туку логично го земавме во предвид и нивниот капацитет и можност за целосно посветување врз развојот на продуктот. Со други зборови, иако добивме многу неверојатни дизајни, некои од нив едноставно дојдоа од талентирани дизајнери кои за жал не се во можност да го одвојат времето потребно за работа и развивање на нивниот продукт.

Друга важна работа што вреди да се нагласи уште еднаш е дека победничките дизајни во текот на развојот ќе претрпат одредени промени, сè со цел нивна адаптација и усовршување. Нашиот тим е повеќе од самоуверен дека секој од селектираните дизајнери ќе успее со наша помош да изработи продукт кој ќе биде пласиран на пазарот, иако можеби на крајот од развојниот процес драстично ќе се разликува од дизајнот кој на почетокот го испратиле.  

И конечно, победниците на четирите конкурси, добитници на парична награда од 300 EUR и можност за работа на нивниот прототип во нашето Отворено дизајн студио во Визбегово, се:

 

Победник на конкурсот за дизајн на стол: Антонио Станковиќ

 

 

Победник на конкурсот за дизајн на ламба: Катерина Трпковска

 

 

Победник на конкурсот за дизајн на софа: Соња Јанковиќ

 

 

Победник на конкурсот за дизајн на работна станица: Деа Беатовиќ

 

 

Покрај нив, во потесен круг, односно дизајнери кои сега се официјално членови на HOIOOOD, се:

 

Конкурс за дизајн на стол:

Андреј Клинчаров

 

 

Антонио Анчевски

 

 

Дарко Лазаревски

 

 

Ема Велковска

 

 

Емилија Колевска

 

 

Ѕвонко Вугрешек

 

 

Кристина Чачовска

 

 

Петар Аврамоски

 

 

Фросина Маџовска

 

 

 

Конкурс за дизајн на ламба:

Љупчо Врчковски

 

 

Борко Хаџиевски

 

 

Дејан Атанасовски

 

 

Драган Јорданов

 

 

Моника Танушевска

 

 

Наташа Антевска

 

 

Никола Кунгуловски

 

 

Нина Нинеска

 

 

Симона Тасевска

 

 

Филип Златковски

 

 

Конкурс за дизајн на софа:

Александра Топаловска

 

 

Ивана Ѓоргоска

 

 

Конкурс за дизајн на работна станица:

Владимир Ристевски

 

 

Ви благодариме уште еднаш на сите што аплициравте! Никогаш не очекувавме волку голем одзив. А за оние што од икс-причини не успеаа да аплицираат на првата рунда конкурси имаме добра вест – овој понеделник (17.07.2017) ќе ја објавиме втората рунда! (Да, не ни се чека многу). Но овој пат тоа ќе бидат конкурси за дизајн на: масичка за кафе, украсна перница и „the thing“ (односно неодреден предмет кој „на сите ни треба, но кој сè уште не ни текнало да го измислиме“).

 

Comments

comments