Во 2018 година Авалон Продукција полни јубилејни 25 години.

По тој повод, пред еден месец, објавија конкурс за дизајн на лого кое ќе го одбележи нивниот роденден. Како одговор на конкурсот Авалон добија повеќе од 100 предлог дизајни. Подолу е победничкиот дизајн, добитник на 2 доживотни билети за Авалон настани, а покрај него и мала галерија од другите 10-тина кои влегоа во потесен круг.

 

Победничкото лого на Ана Ристова

 

За изборот на дизајн и за самиот конкурс, тимот на Авалон изјави:

„Добивме над 100 иновативни и идејни дизајн решенија за новото лого кое ќе биде дел од сите маркетинг и промотивни материјали за 2018 година, но моравме да се одлучиме за едно лого. Изборот падна на дизајнот на Ана Ристова, поради тоа што содржи римски бројки, кои се претпознатлив симбол за долговлечност, а во нив се наоѓа публиката, која сепак е најзначајниот сегмент во нашата работа. Притоа сакаме да им се заблагодариме на сите кои земаа учество во овој конкурс и се надеваме на нови идни соработки”.

 

Галерија од финалистите

 

Comments

comments