Оригиналната верзија од интервјуто е објавена во Портрет (Август 2016)
Фотографии: Елена Фиданска

 

Минатата недела ви објаснивме како дојде до идејата за оваа серија на написи, кои патем се нашата прва соработка со „Пoртрет“. Првиот од трите бендови за кои зборувавме беше Khara, а оваа недела продолжуваме со Зад Аголот.

Зад Аголот, иако не се баш нови, со својот последен албум, „Зад Шпиунката“ (април 2016), преминаа во една друга лига на македонската хип-хоп сцена. Прераснаа во музичари со концепт и вистинска посветеност кон квалитетот на својот продукт (како звучно, така и визуелно) и глас кој треба да биде сфатен сериозно.

Опушти се во твојата најудобна фотелја, спреми кафе (или уште подобро – џин тоник) и продолжи со читање на интервјуто кое го направивме со Зад Аголот.

 

IMG_9793

 

Од излагањето на вашиот последен албум па до денес бевме сведоци на неколку промо забави. Некоја интересна случка?

Настан Х Пловдив. Бевме гости кај нашиот брат по рап – Dj Skill, а воедно тогаш сe дешаваше и градскиот фестивал „Капана Фест“. Вечерта враќајќи се од фестивалот, идејќи накај клубот, видовме деца како играат би-бој, со бумбокс со сè, со сите нишани. Бевме фасцинирани затоа што кај нас би-бојот почнува и завршува со ромите.

Ги разминавме и приметивме после некое време дека не следат. Пријдоа децата, не препознаа, се испоздравивме као прави стари другари, извадија локален поздрав, ги викнаа нивните пријатели би-боери, продуценти, диџеи, рапери со муабетот „Еј Зад Агл се тук”. Децата многу испоштуваа, ни приредија и специјално шоу за нас, а дојдоа и утредента и во Софија на настапот. Многу е јако кога она што го правиш и пораката што сакаш да ја пренесеш допира до места кај што не би помислил… не стварно не би помислил дека едното дете беше од Омск, Сибир!

 

Албумот „Зад Шпиунката“ излезе овој април – 21 трака со динамичен грув, валкани драм брејкови, семплани со џез, стара филмска музика, фанк и соул во кои имаа удел и имиња како Дј Гоце и Баже. Сега откако спласна прашината и фамата, што мислите како помина новиот албум? Дали сте задоволни од целокупниот проект и реакциите на публиката? Што научивте од „Зад Шпиунката“?

Како тим, никогаш не сме влегле во нешто во кое не сме сигурни дека таму лежи нашето срце и идеја. Не можеме да кажеме како поминал албумот, бидејќи сè уште не поминал. Времето е најдобар тест и тоа ќе каже во иднина што значел овој албум.

Што ние научивме од него? Секогаш носи го духот на своето време, својата населба и своите луѓе во уметноста што ја градиш.

 

 

Што е следно за екипата?

Периодов работиме на новото видео – „Мамата У Книшка“. Кон крајот на годинава, или почетокот на следната, од Зад Аголот Продукција, може да се очекува и првиот албум на Контра Напад, кој е во финална фаза, вториот „Pick Up The Pieces” на кој работат Даре и Баже и уште еден проект за кој нема да откриеме ништо во моментов, само дека треба да излезе септември или октомври 2016 година.

 

Низ целиот албум се провлекуваат мисли и референции поврзани со George Orwell, и генерално целиот концепт на албумот е инспириран од George Orwell (омотот е под директно влијание на „Animal Farm” на George Orwell) ? Зошто е тоа така?

Албумот, всушност не е инспириран од George Orwell, инспириран е од општеството во кое ги поминавме последните години, нашите приказни, приказните на луѓето слични на нас, процесот во кој копавме по семпловите, македонската кинематографија и други фактори. Свињата за тие што го немаат првиот албум, беше присутна и претходно, но овој пат во друго светло и друга улога. Оваа свиња, ужива во своето лудило, својот разврат и хаос, својата себичност и го ужива задоволството на уништување туѓи животи, за што говори и нејзиниот став, застаната на пиедестал со поглед кон небото, иако знаеме дека анатомијата на свињите не го дозволува тоа. Животинската Фарма, само го сврза концептот на албумот на еден фин начин. Концептот е дека кругот одамна ни е јасен и дека е време да се скрши.

 

IMG_2884

 

На крајот на јуни го објавивте спотот за песната „За кого бијат камбаните“, која е дел од албумот „Зад Шпиунката“. Спотот е колаж од филмови во кои темата се балканските војни, а песната е своевидна антивоена химна. Очигледно, песната е инспирирана од новелот на Ernest Hemingway. Судејќи според последните ваши ствари, вие очигледно сте приврзаници на класичната литература. Па дали би можеле да ни кажете кои се 3те книги-класици кои ве мотивирале и се задолжително четиво?

Песната ја напишавме минатата година, во мај, периодот кога актуелни беа немирите во Куманово (што брзо заминаа под тепихот, како да не постоеле). Рефренот е инспириран од поемата на John Donnе, исто како и Ernest Hemingway. Анти-воена химна е добра фраза, ни се допаѓа. Ова е нов милениум, каде луѓето имаат пристап до информации и не е тешко да се заклучи дека честопати сме жртви на висока политика и туѓи интерес, време е да еволуираме во помудри суштества. Три класици кои би ги препорачале: „Thus Spoke Zarathustra”  Nietzsche, „Demian” – Hesse и „Mein Kampf” – Hitler.

 

IMG_2913

 

Кои се трите актуелни артисти кои според вас, треба да ги знаеме?

Yoann Lemoine (Woodkid)  Мултимедијален артист, режисер, композитор, пејач. Погледнете ја триологијата, „Iron Flag”, „I Love You” и „The Golden Age Is Over” и се ќе ви стане јасно.

High Focus – Хип хоп екипа од Британија, никогаш не сме можеле да замислиме дека ќе слушаме британски хип-хоп,  да не прашале пред година, две.

Daptone Records – Издавачка куќа, оргинално од Бруклин, кои работат на соул и фанк проекти, според нас, наследници на Stax соул звукот.

 

Comments

comments