Македонскиот лејбл „Post Global Recordings“ организира мини музички фестивал на кој ќе претстави дел од локалните артисти кои ги издава. Post Global Music Festival ќе се одржи утре (27 октомври) во СЦ „Дуња“, со почеток од 20 часот.

Настанот е организиран по повод 18 години од започнувањето на радио емисијата „Post Global“ и 5 години од формирањето на истоимениот лејбл. На првото издание настапи ќе имаат Post global trio, потоа Mnemonic45 и Тони Димитров.

Лејблот третира амбиентален звук (на локални и интернационални артисти) преку дигитални изданија од 2012 година, со досега 34 изданија зад себе. Се работи за продолжение на истоимената емисија post global/conceptual program for new music/ која се емитува секоја среда на музичкото радио Канал 103 и презентира современ звук. Како нужна потреба од издаваштво во овој домен на локалната сцена и како соодветен издавачки oдговор на оваа емисија се конципира post global recordings, третирајќи артисти дефинирани под терминот „нова музика“.

 

Comments

comments