Имаш добра идеја за како да си го подобриме општеството? Сега повеќе не мораш да убедуваш некого да те ислуша.

Кампањата „Мрдни со прст“, веќе позната по големиот број на спроведени вакви иницијативи, моментално е во потрага по нови добри идеи. Тоа значи дека секој што има идеја која, или со години ја „готви“, или само што што му дојде кога го читаше насловот на написов, сега може да мрдне со прст и да преземе нешто.

Најносновната карактеристика која секоја предлог-иницијатива треба да ја има е едноставна – да го подобри животот и/или околината во која живееме. А дополнително, важно е секоја иницијатива да може да биде едноставно спроведена во соодветен и практичен временски рок, преку активно вклучување на локалната заедница (на младите креативци, соседи, баби и дедовци, маалски фраери и фраерки), а без потреба од огромни парични средства. И трето, но никако не најмалку важно, е тоа предлозите да бидат креативни, несложени и исполнети со граѓански дух.

За дополнителна инспирација и насока на мислите, добро е да знаеш за некои од минатите иницијативи од овој тип, кои различни организации и групи на граѓани ги спроведоа како дел од иницијативата „Мрдни со прст“.

 

Волонтери во селото Вишни на последната иницијатива на Мрдни Со Прст

 

Пример, добро е да знаеш за: Оној пат кога 20 млади волонтери заедно обоија и поставија 33 корпи за отпадоци во центарот на Струга, кога Сојузот на извидници на Македонија и 20 волонтери го создадоа Младинскиот центар „Крикни“ во Пржино, кога оштетениот ѕид во О.У. Ѓорѓи Сугарев во Битола беше обоен и игралиштето беше опремено со потребна опрема, кога беше создадено првото кино во општина Вратница, или оној пат кога 55 извидници учествуваа во изградбата на нови објекти за Извидничкиот центар во Чашка.

Доколку успеавме да те инсприираме, или можеби воопшто немаше ни потреба од тоа, испрати ни ја твојата оригинална идеја, а ние ќе ве поддржиме со покривање на вашите трошоци до 84.000 МКД. За тоа да го направиш треба да го пополниш концептот за иницијативи и да го испратиш на applications@nms.org.mk, најдоцна до 20 август 2017.

Се разбира, доколку повеќе се доживуваш себеси како човек од акција отколку мислител, следи ги „Мрдни со прст“ на Facebook, зашто секогаш работат на нови иницијативи на кои можеш да се приклучиш. Овој повик за иницијативи во рамки на кампањата го спроведува Национален младински совет на Македонија, а за дополнители информации можете да ги контактирате на besart.lachi@nms.org.mk.

Откако ќе ги приберат сите идеи, дечките и девојките од тимот на „Мрдни со прст“ ќе ги разгледаат, ќе истражат, ќе ги направат калкулациите и ќе ги изберат најсоодветните.

Секретаријатот на НМСМ го задржува правото да ги информира исклучиво иницијативите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција. Исто така, ве охрабрува апликациите да се пополнат на англиски јазик.

 

Comments

comments