Спотот за најновиот сингл на Сашко Костов, „Прашина“, е воедно и најава за неговиот следен албум насловен „Крик и прашина“.

Сашко Костов e автор на музиката и аранжманот, а текстот е на Ана Стојаноска. Спотот пак е во режија на Крсте Шупев, а улогите ги играат актерите Талија Настова и Фаик Мефаилоски.

Во тек е подготовка за концертна промоција на албумот со нов бенд, а Костов најавува дека тоа нема да биде само обичен концерт.

Инаку, ова е 6-то издание на Сашко, кој досега бил дел од повеќе македонски бендови, како: Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Чиста Околина и други. Меѓу другото, тој создава и театарска музика, а оваа година работеше на претстава во Јужна Кореја, со режисерот Jeung Woo Son.

 

 

Сашко Костов – Прашина (2018)
Вокали, гитара, ударалки – Сашко Костов
Пијано и сајзери – Антоније Арангелович
Бас гитара – Славчо Пеев
Тапани – Михаил Парушев

 

Comments

comments