Дали постои начин да се телепортирам од почетнава точка, рутинско сивило и монотонија, до некоја дестинација со чил секојдневие и тотална релаксација од метежов или едноставно да не му ја мислам многу?

Секогаш добро доаѓа предлог книга, предлог изложба, филм, каква било форма на уметност, ама најинтимното доживување е кога ќе го почувстувате оној „клик“ со некој музичар и следниот период, ако не и цел живот, ќе се молите да не му падне пијано врз глава и да продолжи да прави музика.

И предлог за неделава, за трансцендентална телепортација во Vans-ки, кошулче, кул цвик и сламен шешир е Mac DeMarco, човекот кој освојува со неговата непосредност и автентичност.

maxresdefault

DeMarco e специфичен лик, кој од вистинските познавачи (читај хејтери) сигурно ќе биде етикетиран како апла хипстер што нема поим од музика, и иако нема да порекнувам дека е возвишуван од несозреани тинејџерки кои во него го гледаат богот на алтернативната музика, човекот си има свое јас и не арчи многу време на такви коментари, едноставно го прави она што најдобро знае да го прави – музика.

По малку налудничав, во секој втор frame од неговите интервјуа е со цигара, стратешки позиционирана помеѓу двата предни заба и со ноншалантна енергија ги засмејува сите околу него.

7721a65d911246fc845393df4d8ee81f

Како „сертифициран“ музички критичар ќе пробам текстуално да ви го пренесам неговиот музички израз. Иако стилски е тешко да се категоризира во еден жанр, DeMarco е воглавно soft rock, или во моето ушно тапанче е регистриран како еден од малкуте инди рок ствари што не се лигави и шупливи, туку напротив, богати со препознатливи рифови и добри текстови.

Меланхолично, а впечатливо, во закрила на магична атмосфера, а навидум премногу симплифицирано. И да не тегнам со моиве изрази, мене неговата музика ми е соло Џон Ленон оптегнат на плажа во Флорида, со многу поинтересен и разигран израз од, да речеме, Mind Games и Woman, хитовите на Ленон.

222

Неговата дискографија, која почнала полека да се гради од 2012, после некој период неуспешни обиди кај локални дискографски куќи, вклучува албуми како:

 

Rock and Roll Night Club (2012)

♪Got a fresh pack of roys, the vice of this boy♪

2 (2012)

♪Maybe she’s best in dreams, she’s still the best I’ve seen♪

Salad Days (2014)

♪As I’m getting older, chip up on my shoulder

Rolling through life, to roll over and die ♪

Another One (2015)

♪Give up my life for the rhythm

For the beat of a heart like hers♪

 

Mac DeMarco, барем за мене, си бара некое специфично расположение, носталгија за нешто недоживеано, ескапизам од непостоечки проблеми. Не можам да го слушам кога и да е и каде и да е, ама кога сите проблеми убаво ќе се натопорат еден врз друг, Mac DeMarco најубаво легнува врз нив.

 

 

Comments

comments