Честит 8ми март на сите скопски фраеришта и им посакувам многу успех во бизнисот, да продолжат со заводничката доминацијата преку приватни пораки на социјални мрежи и се разбира, да си купат боље ауто у 2019та година.

Верувајте му на стариот добар М.П., токму ова е светото тројство за една успешна кариера на просечен скопски шизик. Усмена традиција која се пренесува од колено на колено, додека се дождерува третата (со бројки: 3) плескавица во некоја дебармаалска биртија… пардон, ресторан. 🙂

Скопскиот фраер е маркантна ѕверка и неретко, без своја вина, се наоѓа во ситуација да е предмет на посакување, а во некои екстремни случаеви дури и на обожување. Тој постојано седи на својот (за другите) невидлив престол и со нетрпение очекува да биде заловен од што е можно поегзотичен субјект: градска лепотица, одлична ученичка, неодолив геј љубовник, активистка, најдобрата другарка на бившата девојка…. но сепак, премногу често бива заловен од девојката која има доволно трпение да помине супстанцијално време со господин кој потполното отсуство на харизма кај себе, го надополнува со подароци за 8ми март и Валентајн. И добар автомобил. Знаете, за одмори.

Сепак, еден од највозбудливите типови на заловување скопски фраер, е кога тој ќе падне во мрежата на битолчанка. Да се разбереме, тоа воопшто не е реткост, ами 35% од вас се резултат на таква една врела комбинација. Автохтон македонски клеш на култури, од кои излегуваат најубаИте деца наоколу. Навистина прекрасно, но не и така лесен товар за нејаката плеќа на нашиот јунак. Позади оваа совршена слика за македонска сексуална долче вита, стојат неколку нерешиви проблеми. За кого? Па за нашето скопско фраерче.

Одиме по ред:

1. Битолчанките имаат класа, па неретко нашиот сф не е опремен за снаоѓање во таква ситуација. Тука без дискусија ќе ги окривиме мајките на скопските шизици. Точка.

2. Навидум опуштени и полни со разбирање, битолчанките имаат мошне високи очекувања од скопскиот шизик, а особено во кревет. Тоа за скопскиот фраер е едноставно нерешлив проблем. Никој никогаш не му кажал дека треба да биде custom made – исполнителен во кревет и ако не му текне брзо да почне да работи на себе, ќе заврши како сировина за песна, или (да моли господ да биде приватен) потсмев.

3. Скопскиот фра……..ЧЕКАЈ! ОДТИДОВ ПРЕДАЛЕКУ. ПА СКОПСКИТЕ ФРАЕРИ И НЕ СЕ ДО ТОООЛКУ ЛОШИ. НЕ СЕ, ТАКА? ИЛИ? Ете малку храна за мислата за вас, драги мои читатели/слушатели. Во меѓувреме послушајте ја нашата песна на месецот. Прекрасната, сензуалната Prince$$ Donatsu – најновиот недосонуван сон на скопскиот шизик и нејзиниот апсолутен хит: Битола. Можеби ќе се препознаете. Еве јас прв ќе признаам: и на поправен ебам како да има поправен. На здравје!

 

 

Comments

comments